Вакцинацијата во Шкотска покажа дека ризикот од ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА (значи и од смрт) од ковид-19 значително се намалува после примена макар само ЕДНА доза вакцина, како од Фајзер/Бајонтек така и од Оксфорд/АстраЗенека.
Резултатите од студијата, која ја покрива целата популација од 5,4 милиони жители, покажаа дека најголемо намалување на хоспитализациите кај Фајзеровата вакцина има во петтата недела од ПРВАТА доза (85% намалување, а подоцна заштитата малку опаѓа), додека кај АстраЗенека намалувањето на хоспитализациите е уште поизразено, па започнувајќи од втората недела заштитата постепено расте практично до 100%.
Уште еднаш се нагласува дека овие стапки важат само после ПРВАТА доза. Да се потсетиме дека според други студии, после ВТОРАТА доза од двата вида вакцини намалувањето на хоспитализациите и смртниот исход е за 100%.
Шкотската студија може да се преземе од линк на следната страница: