Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 22.2.2021
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 22.02.2021 - 16:00

Во денешниот времеплов ги славиме родендените на Хајнрих Херц, кој прв практично го потврдил постоењето на електромагнетните бранови, и на Томас Курц, еден од двајцата софтверски инженери кои го создадоа програмскиот јазик BASIC. Го одбележуваме и раѓањето на првиот клон на цицач, овцата Доли, и претставувањето на процесорот AMD K6-III...

 

22.2.1857 – Роден е Хајнрих Херц

Хајнрих Рудолф Херц (Heinrich Rudolf Hertz) е германски физичар кој прв практично ја потврдил Максвеловата (James Clerk Maxwell) Теорија за електромагнетизам.

Експериментирајќи со безжичен пренос на импулси, во 1888 година Херц практично го докажал постоењето на електромагнетните бранови, истовремено докажувајќи дека нивната брзина е еднаква на брзината на светлината (Максвелова теорија), но ги открил и својствата на рефракција, рефлексија, интерференција и поларизација.

Тој прв демонстрирал работа на уред којшто може да емитува и да прима радиобранови, т. н. Херцов осцилатор, којшто ќе послужи како основа за развој на радиотехниката. Исто така, покажал дека наелектризираните тела забавено се деелектризираат кога се изложени на ултравиолетова светлина. Оваа појава подоцна ќе ја објасни Алберт Ајнштајн како фотоелектричен ефект. Покрај ова Херц имал и значајни истражувања на полето на теоријата на еластичност и механиката.

Во негова чест, единицата за број на периоди во 1 секунда го носи неговото име, Херц (Hz). (Н. С.)

 

22.2.1997 – Се роди овцата Доли, првиот клон на возрасен цицач

Британските научници под водство на Јан Вилмут од Институтот Розлин во близина на Единбург го објавија раѓањето на овцата Доли, првиот клон на возрасен цицач.

Доли, овца видот Фин Дорсет, живееше 7 години од 1996 до 2003 година. Објавата за раѓањето на Доли, кое се случи 1997 година, е пресвртница во науката. Раѓањето на Доли покажа стави крај на претпоставките и на дебатата за тоа дека возрасните цицачи не може да се клонираат. Но, во ист момент поттикна низа етички распраив за можната употреба и злооупотреба на технологијата за клонирање на цицачи. (Н. С.)

 

22.2. 1928 – Роден е Томас Курц

Томас Курц (Thomas Eugene Kurtz), заедно со Џон Кемени (John G. Kemeny) го развиле BASIC (Basic All-purpose Symbolic Instruction Code) програмскиот јазик за своите студенти во раните шеесети години на минатиот век.  Авторските права за програмскиот јазик биле регистрирани на име на матичниот колеџ на Курц и Кемени – Колеџот Дартмут. Сепак BASIC бил слободен за користење за сите заинтересирани.

Јазикот бил наменет за корисниците кои немаат некои широки знаења од областа на програмирањето, а истовремено е лесен за учење и употреба што не било случај со програмските јазици од тоа време, во ’60-тите и ’70-тите години од минатиот век. Популарноста на BASIC нагло ќе порасне кога двајца студенти од Харвард, Бил Гејтс и Пол Ален, ќе го прилагодат за употреба на еден од раните персонални компјутери.  (З. И. / Н. С.)

 

22.2.1999 – AMD го претстави процесорот AMD K6-III

Во 1999 година, AMD го претстави новиот AMD K6-III процесор со брзини од 400 и 450 MHz. Процесорот поседувал 64KB кеш меморија во Ниво 1 изведбата и 256KB кеш меморија во Ниво 2 изведбата, и имал 21,3 милиони транзистори од 0,25 микрони. Силната конкуренција на олицетворена во чиповите K7 (Атлон) и Пентиум III, го натера AMD да напредува, и бидејќи беше невозможно да се зголеми брзината, тие се обидоа да обезбедат повеќе перформанси преку промена на архитектурата. Наспроти бројката од 9,3 милиони транзистори колку што поседуваше неговиот претходник K6-2, варијантите на K6-III поседуваа најмалку 21,4 милиони транзистори, што го направи тежок и скап за производство. Се работеше за навистина привремено решение, бидејќи процесорот К7 не можеше да се лансира во таа година. Но штом започна производството на K7, К6-III многу брзо излезе од производната линија, иако AMD продолжи да го произведува евтиниот K6-2 уште долго време. (И. З.)

Клучни зборови:
Хајнрих Херц

Хајнрих Херц

Хајнрих Херц

Хајнрих Херц

Првото суштество клон на возрасен цицач – овчичката Доли

Првото суштество клон на возрасен цицач – овчичката Доли

Првото суштество клон на возрасен цицач – овчичката Доли

Првото суштество клон на возрасен цицач – овчичката Доли

Томас Јуџин Курц, еден од двајцата инженери што го развија BASIC

Томас Јуџин Курц, еден од двајцата инженери што го развија BASIC

Томас Курц и Џон Кемени, создателите на програмскиот јазик BASIC

Томас Курц и Џон Кемени, создателите на програмскиот јазик BASIC

Промотивното лого на новиот современ процесор на AMD

Промотивното лого на новиот современ процесор на AMD

Процесорот К6-III на АМД

Процесорот К6-III на АМД