За сите кои имаат потреба од некоја попрегледна организација на работните задачи, побрза комуникација со клиентите, или побрз пристап до вашите датотеки и кориснички сметки, низ оваа серија написи ви претставуваме повеќе апликации што ќе ви помогнат во зголемување на продуктивноста.
Честопати, најтешкиот дел од работата е ефективната организација на нештата за побрзо извршување на сите обврски и точки. Во поглед на ова особено лоша репутација имаат креативците, поради нивниот честопати хаотичен процес на работа. Но, од друга страна понекогаш на сите ни треба малку помош во овој домен. Независно од тоа дали сте “слободен стрелец” во работата или функционирате како дел од поголем тим, дали сте на почетокот од кариерата или на врвот, на некоја административно одговорна функција – со соодветни апликации можете да додадете важен дополнителен слој на структурата на вашиот работен документ, или на комуникативниот пристап, со што ослободите повеќе време кое ќе може да го посветите за креативната страна на нештата, па дури и да ги избегнете неколку бесони ноќи.
4. Join.me
Ако сте во потрага по едноставен начин за организирање и закажување на виртуелни состаноци и на конференциски повици, апликацијата Join.me е одличен избор.
join.me овозможува аудио и видео конференциски врски преку телефон и преку Интернет (VoIP), со што ќе можете да се видите или да се слушнете со кого било во реално време… во време коешто вам ви одговара. Процедурата за закажување состанок е мошне едноставна – создавате личен линк за состанокот што потоа го споделувате со другите, а тие можат да го преземат во нивниот веб-прелистувач за да се приклучат или да го внесат телефонскиот бројот за директен пристап. При приклучување на состанок, нема потреба од никаков софтвер за преземање. Но, ако сакате да го користите софтверот постојано, препорачливо е да ја симнете апликацијата на вашиот паметен телефон.
Апликацијата нуди корисна опција да споделување на екраните за подобро презентирање и размена на идеите. Притоа можете да зумирате и да ги видите деталите за секоја дискусија, дури и на вашиот телефон. Независно дали се наоѓате дома, на аеродром, или во локалното кафуле, каде и да се наоѓате апликацијата join.me овозможува секој од секаде да се вклучи во разговорот од неговиот паметен телефон.
Отворајте документи, статистички листови, презентирајте слајдови, веб-страници или што и да е! ‘Присутните’ на состанокот ќе можат да следат и да видат сè што правите. По потреба улогата на водител на состанокот може да ја пренесете на некој друг од учесниците. Притоа сите закажани состаноци може да и снимени.
По избор позадината на состанокот може да ја “дизајнирате” самите, да одговара на вашиот бренд или на темата за која се говори. Изборот на позадината се врзува со вашата сметка, со вашата лична URL адреса, и го гледаат сите присутни на коишто сте им испратиле покана за состанок, уште пред да се приклучат. На овој начин имате единствена можност да се презентирате себе си, својот бренд или темата на разгоцор пред учесниците однапред..
Без разлика дали апликацијата се користи за презентации за време на состанок или пак се користи само join.me аудио, креаторите на софтверот LogMeIn Inc. уверуваат дека нема ограничувања во користењето или пак некои скриени трошоци.
Во својата основна форма апликацијата Јoin.me е бесплатна. Притоа бројот на конференциски повици е неограничен, но некои од споменатите можности не се достапни бесплатно. Па така, join.me PRO освен што ќе ви овозможи создавање на сопствен линк и брендирана позадина, овозможува и наменска конференциска линија и локално бирање на телефонски броеви (достапно во САД и повеќе од 45 земји низ светот).
Повеќе на https://www.join.me/