Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 17.2.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 17.02.2021 - 17:00

Во денешниот времеплов го славиме роденденот на лекарот Рене Лаенек, кој воведе нов метод на дијагонстика – индиректната аускултација, што се користи и денес. Пред точно 49 години, Форд го изгуби приматот на најпродаван автомобил а оваа титула за првпат и припадна на популарната "буба" на Фолксваген. А пред 21 година Мајкрософт го пушти во малопродажба Windows NT...

17.2.1781 – Роден е Рене Лаенек

Рене-Теофил-Јасент Лаенек (Rene-Theophile-Hyacinthe Laënnec) бил француски лекар, изумител на стетоскопот (слушаликите), со што вовел нов метод во физикалниот преглед на болните – индиректната аускултација.

Еден од наједноставните прегледи, којшто и ден-денес е редовен во лекарската практика, и којшто претставува стандардната порцедура при утврдувањето на болеста е ослушувањето на работата на белите дробови и срцето со помош на стетоскоп. Уредот, во неговиот првобитен облик, Лаенек го изумил и патентирал во 1819 година.

До идејата дошол кога играјќи си со децата случајно го допрел увото на крајот од една дрвена цевка во моментот кога едно од децата го гребело другиот крај од дрвото со игла. Лаенак одлично го слушнал звукот, дури му се чинело дека тој бил многу појасен и погласен. отколку што би се слушнал нормално во просторот. Следниот ден, кога отишол во болницата, свиткал лист од хартија во облик на цевка па едниот крај од оваа “туба” ја допрел до телото на болниот а на другиот крај го прислонил увото, наслушнувајќи ја работата на белите дробови и срцето. Сите шумови што ги правеле органите се слушале одлично.

Лаенек ја развива вештината за дијагностика на заболувањата на органите на градниот кош и срцето со помош на новиот инструмент стетоскопот. Благодарение на овие истражувања веќе во 1815 година започнало производството на првите дрвени стетоскопо според нацртите на Лаенак, па сè поголем број лекари ја применуваат оваа нова метода во дијагностиката.

Современиот стетоскоп во многу се разликува од првобитниот модел на Лаенек, но задржан е основниот принцип којшто овозможува безболен преглед.

Во 1883 година во рамките на медицинскиот факултет во Париз, била поставена бронзена биста на Рене Лаенек, а една од четирите медицински школи на Универзитетот Клод Бернар во Лион, го носи неговото име. (Н. С.)

 

17.2.1972 – Познатата БУБА е прогласена за најпродаван автомобил

На овој ден во 1972 година, конечно по 40 години, срушен е рекордот кој го држел Форд за најпродаван автомобил во дотогашната историја на автомобилизмот од дури 15 милиони продадени примероци. Од производните ленти во Германија слезе 15 007 034 – тиот примерок на ова прочуено возило. Ако се земе предвид дека Бубата сериски почнала да се произведува дури по Втората светска војна, тогаш овој рекорд заслужува големо внимание и почит.

Бубата е најпознатото возило во светот. Миленик на младата популација низ целиот свет. Конструктор е прочуениот Фердинанд Порше постариот. Во предвечерјето на Втората светска војна, владејачката Национал-социјалистичка партија на Германија на чело со Хитлер барала од Фердинанд да организира масовно производство на неговата Буба, со цел да стане народен автомобил и со тоа да ја моторизира Германија. Плановите се изјаловиле со почетокот на војната. По војната, со помош на Англичаните се активира производството на тогаш заборавената Буба. Фердинанд Порше постариот одлежа 2 години затвор заради колаборација со нацистите и Бубата стана светски хит. Останатото е историја. (Т. С.)

 

17.2. 2000 – оперативниот систем Windows NT, Windows 2000 на Мајкрософт пуштен во малопродажба

Windows NT  е графички оперативен систем за клиентски и серверски компјутери. Преставен е за првпат и издаден за комерцијална употреба на 15 декември 1999 година, а во малопродажба стана достапен на 17 февруари 2000. Наследник е на Windows NT 4.0, и последната верзија на Windows која има NТ структура. Негови наследни се Windows XP (окт. 2001) и Windows Server 2003 (издаден во април 2003). Во текот на развојот, Windows 2000 бил познат како Windows NT 5.0. Системот стана мета на многу вируси и напади, меѓу кои најпознати се CodeRed и Nimda. Десет години подоцна, речиси секој месец беа дадавани надградби за сигурносни ризици, сè додека не заврши поддршката на 13 јули 2010 година.

 Windows 2000 Service Pack 1 имаше кодно име “Астероид“, а 64-битниот Windows 2000 кодно име “Јанус“. Windows 2000 првично беше планиран да ги замени и Windows 98 и Windows NT 4.0. Сепак, ова се промени подоцна, бидејќи ажурираната верзија на Windows 98, наречена Windows 98 Second Edition, беше објавена во 1999 година. Windows 2000 донесе приклучок и на линијата Windows NT, но беше насочен кон деловниот пазар, а не кон поединечниот потрошувач.

Windows XP се надпврза на NТ. На 13 јули 2010 година, напредната поддршка за Виндоус 2000 заврши и овој производ веќе не доби асистирана поддршка и безбедносни ажурирања од Мајкрософт. Ова влијаеше на сите изданија на Windows 2000, вклучувајќи ги и Windows 2000 Professional, Windows 2000 Server, Windows 2000 Advanced Server и Windows 2000 Datacenter Server. (И. З.)

 

17.2.1874 – Роден е Томас Вотсон Сениор

Томас Вотсон Сениор (Thomas J. Watson Sr.) е бизнисмен под чие водството IBM стана лидер на полето на производство и продажба на опрема за дупчење на картички – популарните punch cards кои во една сосема поинаква форма опстојуваат и ден-денес. Пред својата смрт во 1956-та година, контролата врз IBM ја пренесе на својот син Томас Вотсон Џуниор (Thomas Watson Jr.) кој го внесе IBM во електронската ера и, по неколку храбри финансиски ризици, на доминантна позиција во компјутерската индустрија на која опстојуваше долго време. (З. И.)

Клучни зборови:
Слика на која е прикажан Лаенек со неговиот стетоскоп при работа со пациенти

Слика на која е прикажан Лаенек со неговиот стетоскоп при работа со пациенти

Лаенеков стетоскоп од 1820 година

Лаенеков стетоскоп од 1820 година

Нацртот за стетоскоп на Рене Лаенек

Нацртот за стетоскоп на Рене Лаенек

Популарната 'буба'

Популарната 'буба'

Кабрио изведба на автомобилот што го симна Форд од врвот на најпродавани коли

Кабрио изведба на автомобилот што го симна Форд од врвот на списокот на најпродавани коли

Томас Вотсон

Томас Вотсон