Неодамна реномираниот научен магазин Science објави видео во коешто се објаснува на кој начин функционираат засега најупотребуваните и водечки вакцини. Тука ви го пренесуваме видеото кое дава одлично и разбирливо објаснување за механизмите на делување.
Некои од нив користат стара, испробана технологија и традиционален пристап во изработката, потпирајќи се, на пример, на деактивираниот вирус да го поттикне имунитетот кај човекот. Други, користат сосема нова, досега никогаш употребувана технологија за поттикнување на имуниот одгоцор на телото. Но, независно од технолошкиот пристап, секоја од вакцините има потенцијал да создаде повеќе одбранбени линии против SARS-CoV-2.
Објаснувањето го презентира дописникот на магазинот Science, Џон Коен, кој вообичаено покрива теми од областа на биомедицината, а е најпознат по неговата работа за покривање на теми во врска со епидемиите (ХИВ/СИДА, ковид-19, ебола, грип), имунологијата, вакцините и општото здравје. Во краткото видео тој ги објаснува механизмите што ги користи секоја од вакцините за да нè заштити од разболување или од развој на тежок облик на ковид.
На крај тој дава и осврт на тоа каков потенцијал би се отворил ако успееме да ги разбереме сите детали во врска со имунолошките одговори на нашето тело.
* За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings, запченикот во долниот десен агол, и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.