Рубрика: Информатика
Моќни апликации за зголемување на продуктивноста: Toggl Track
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 28.01.2021 - 14:45

За сите кои имаат потреба од некоја попрегледна организација на работните задачи, низ оваа серија написи ќе ви претставиме повеќе апликации што ќе ви помогнат во зголемување на продуктивноста.

Честопати, најтешкиот дел од работата е ефективната организација на нештата за побрзо извршување на сите обврски и точки. Во поглед на ова особено лоша репутација имаат креативците, поради нивниот честопати хаотичен процес на работа. Но, од друга страна понекогаш на сите ни треба малку помош во овој домен. Независно од тоа дали сте “слободен стрелец” во работата или функционирате како дел од поголем тим, дали сте на почетокот од кариерата или на врвот, на некоја административно одговорна функција – со соодветни апликации можете да додадете важен дополнителен слој на структурата на вашиот работен документ, со што ослободите повеќе време кое ќе може да го посветите за креативната страна на нештата, па дури и да ги избегнете неколку бесони ноќи.

1. Toggl Track

Времето, како што сите знаеме, е пари, и честопати не е доволно само да се завршат работите. Во таа насока треба да знаете колку време ви е потребно за извршување на некоја работна задача. Ова е од исклучителна важност за оние кои работат самостојно, како слободни стрелци (фриленсери), за да може соодветно да ја наплатат нивната работа. Исто така, треба да можете  да ги препознаете обврските и задачите што би ви одзеле премногу од времето ако за нив не остварувате доволно пари.

Знаете ли колку вреди вашето време? Поделете ги часовите по проекти, клиенти и задачи за да видите каде ги заработувате парите и што ве ‘кочи’.

Веднаш по инсталирањето може да започнете да го распределите вашиот работен ден, да ја зајакнете вашата продуктивност и да станете “господар” на сопственото време. Toggl Track е едноставна, но ефективна апликација за следење на времето што ќе ви помогне да го направите токму тоа.

Основната верзија е бесплатна за користење. Апликацијата е достапна е како во две варијанти – за десктоп компјутер и за паметен телефон. Ако ја инсталирете на сите уреди кои ги поседувате, апликацијата ќе ви го даде истиот приказ и пристап насекаде, со оглед на тоа што податоците се синхронизираат постојано.  Може да се приклучите на Toggl Track и да работите во онлајн прегледникот (браузерот), а истовремено да го исклучите тајмерот од Toggl Track што го следи потрошеното време на вашиот телефон. Сите записи се синхронизираат и се достапни истиот момент и на апликацијата на вашиот телефон, на десктоп апликацијата, преку екстензијата Toggl Chrome, и директно на веб-страницата.

Ако работите во тим, можете да ги вклучите сите кон продуктивниот распоред со помош на Toggl Track, временскиот трагач. Toggl го прави временското планирање мошне едноставно. Дури и да заборавите некоја обврска, апликацијата ви нуди можност за потсетници следење и алармирање.

Toggl нуди и можност за работа со надворешни апликации, но и сопствено АПИ за правење пресметки и оперирање со податоци, ова овозможува полесно завршување на каков било извештај во кој било формат што ви треба.

Апликациите од Тогл може да ги најдете на https://toggl.com/

Клучни зборови: