Во овој времеплов ги славиме Андре Ампер, основач на електродинамиката, француски физичар и математичар. Покрај ова го одбележуваме и “раѓањето” на неонското светло како и на едено од првите компјутери од Епл со графички интерфејс ...
19.1.1915 – Жорж Клод ја патентира неонската цевка за употреба во рекламирање
Жорж Клод (Georges Claude, 24.9.1870, Париз – 23.5.1960, Сен Клод), бил инженер, хемичар и пронаоѓач на неонската светлина, која ќе најде широко распространета употреба во индустријата за изработка на рекламни паноа, натписи и знаци. Некои го нарекуваат и “Француски Едисон“.
Додека ги проучувал инертните гасови, Клод открил дека при протокот на електрична струја се создава светлина. Во 1910 година тој ја развил неонската ламба – цевка исполнета со неонски гас која емитувала портокалово светло кога се става под низок притисок. Со додавање и употреба на други супстанции во цевката, гасот заробен во неа емитува светлина во различна боја. Првата јавна демонстрирација на големо неонско светло Клод ја направил во склоп на Парискиот саем за автомобили (Salon de l'Automobile et du Cycle), кој се одржувал од 3 до 18 декември 1910 година.
Со воведувањето на внатрешни флуоресцентни премази, се развило флуоресцентно светло и започнало да ја заменува блескавата ламба во индустриска употреба и во одредени домашни осветлувања.
Клод бил активен соработник со германските окупатори на Франција за време на Втората светска војна, за што бил затворен во 1945 година и му биле одземени сите претходно доделени почести. (Д. М.)
19.01.1983 – Епл ја претстави “Лиза“
Apple започнал да го развива компјутерот Лиза во 1978 година. Тој содржел графички кориснички интерфејс (GUI) и го користи процесорот Motorola 68000. Лиза е првиот производ на Apple со внатрешен хард диск. Стив Џобс, бил раководител на проектот сè додека не бил сменет од него во 1982 година. Лиза се продавала за десет илјади долари, што заедно со слабата достапност на софтвер од трети страни и некомпатибилноста со Apple II, довело до слаба продажба. Во 1985 година, Лиза беше ребрендирана во Macintosh XL за помалку од половина од цената на оригиналниот модел. И покрај зголемената продажба, производството на Mac XL беше прекинато во 1986 година, со што се стави крај на приказната за Лиза. (И.З.)
20.1. 1775 – роден е Андре Ампер
Андре Ампер е француски физичар и математичар, познат како втемелувач на класичниот електромагнетизам. Во негова чест, единицата за јачина на струјата во SI системот за мерни единици го носи неговото име, Ампер.