Dropbox без многу врева и најава стартуваше свој менаџер за лозинки наречен Dropbox Passwords. Апликацијата е достапна во приватната бета-верзија на Андроид и, иако може да се преземе, не може да се користи ако немате покана. Моментално, апликацијата е “во развој” и затоа може да биде нестабилна. Онаква каква што е сега, таа изгледа прилично едноставно.
Се чини дека Dropbox намерно избегнува новата апликација да се нарекува “менаџер за лозинки”, иако таа ја има истата функција како и другите вакви менаџери. Dropbox Passwords може да креира едноставни лозинки, ги чува на едно место, ги синхронизира на различни уреди и автоматски го исполнува полето за пријава. Засега нема други корисни функции, како што се увоз на лозинки од прегледувачи и поддршка за двофакторна автентификација.
Апликацијата нуди заштита на лозинки со zero-knowledge енкрипција, што значи дека само корисникот има пристап до податоците сочувани на апликацијата. Ова е вообичаена заштита за менаџер на лозинки, кој го имаат и Dashlane, LastPass и 1Password, кои го нудат истите протоколи.
Dropbox Passwords нуди можност за пријава во апликацијата и на веб-сајтот со еден клик, што веројатно значи дека софтверот користи андроидна функција на автоматско пополнување, воведена во 2017 година, со Андроид Орео.
Иако пазарот за менаџер на лозинки е прилично заситен со голем бројни сервиси кои нудат слични опции како и Dropbox Passwords, Dropbox е препознатливо име и корисниците може лесно да се убедат да почнат да користат една ваква програма.