Рубрика: Информатика
Дигиталната валута на Facebook сега се вика Diem
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 21.12.2020 - 16:45

Либра, дигиталната валута којашто Facebook ја престави минатата година сега има ново име – Diem.

Истовремено со промената на името на валутата, променето е и името на компанијата во Diem Association, но на сите им е јасно дека таа нема да биде независна, со оглед на тоа што зад неа и понатаму стои Facebook. Веднаш се поставува прашањето поради што Facebook се одлучил за промена на името на валутата, кога таа и понатаму ја преставува истата работа.

Освен името сè друго станува исто, вклучувајќи ги тука и промотивните документи на службената страница на која само името Libra е променето во Diem. Како што се чини, главна причина за промената е тоа што Libra не им се ‘допаднала’ на многумина вклучени во американската политика. Имено, голем број луѓе изразиле загриженост дека валутата Либра би можела да се користи за перење пари и финансирање на тероризам. Упатените пак велат дека ова не е баш точно, со оглед на тоа што Либра користи блокчејн технологија којашто е потранспарентна од обичното банкарство.

Но, откако Libra стекна лоша репутација, особено по нападите од страна на администрацијата на Трамп која валутата ја доживеала како удар на банкарскиот сектор во Америка, Марк Зукерберг заклучил дека е време да се сврти нова страница и да се започне приказната од почеток. Во таа насока новото име на валутата и на компанијата е добра работа за свеж старт.

Имено, ако некој размислува за инвестирање или користење на валутата Libra како средство за плаќање, и се обиде да пронајде повеќе информации на интернет, голема е веројатноста пребарувачите да му дадат во најголем дел резултати со многу лоши коментари, а токму тоа е она што Facebook сака да го избегне со промената на името.

Клучни зборови: