Доктор Тарек Алам од Бангладеш ѝ стана познат на светската здравствена јавност уште во мај, кога одекна веста дека успешно излекувал 60 болни од ковид-19 со помош на комбинацијата од ивермектин и доксициклин. Подоцна, во август, на оваа терапевтска комбинација, проф. Бороди од Австралија го додаде цинкот и ја промовираше таканаречената тројна терапија. Тој издаде јавен повик до сите австралиски лекари по општа пракса да го контактираат на неговиот професионален имејл за да го добијат протоколот за ран третман и профилакса со тројната терапија
Вчера д-р Алам и неговиот тим објавија труд во European Journal of Medical and Health Sciences со наслов Ivermectin as Pre-exposure Prophylaxis for COVID-19 among Healthcare Providers in a Selected Tertiary Hospital in Dhaka – An Observational Study. Како што укажува насловот, ова е опсервациска студија во којашто испитаниците биле здравствени работници од терцијарна болница во градот Дака, во времетраење од четири месеци (мај – август 2020).
Вкупно 118 лекари, сестри и друг медицински персонал биле поделени во две групи ‒ експериментална (58 луѓе) и контролна (60 луѓе). Членовите на експерименталната група пиеле таблети ивермектин од 12 mg еднаш месечно, во текот на период од 4 месеци.
Резултатите се очекувани, имајќи ги предвид претходните студии од други светски центри.
Контролна група: 44 од 60 субјекти (73,3%) се заразиле со SARS-CoV-2.
Експериментална група: 4 од 58 субјекти (6,9%) се заразиле со SARS-CoV-2.
Разликата е статистички значајна бидејќи p-вредноста е многу помала од 5%.
Слика 1. Демографскиот профил на сите 118 субјекти
Интересно е да се види каква била стапката на инфекции според возрасни подгрупи за контролната група (слика 2) и за експерименталната група (слика 3). Се забележува дека во контролната група, најмладата и најстарата возрасна подгрупа имаат најголема стапка на инфицирани.
Релативниот ризик се пресметува како однос меѓу стапките на инфекции во експерименталната и во контролната група. За оваа студија, релативниот ризик изнесува 9%. Ефикасноста на профилактичната терапија се пресметува како разлика од 100% и релативниот ризик. Така, ефикасноста на профилаксата со ивермектин добива вредност од 91%. Ова е мошне високо ниво на заштита и е споредливо со ефикасностите на вакцините на Pfizer и Moderna од 95% и 94%, соодветно.
Доказите акумулирани досега од повеќе од 25 студии темелно рецензирани во трудот на американската алијанса FLCCC ја демонстрираат високата ефикасност на ивермектинот како профилакса, како ран третман и како болничка терапија.
Слика 2. Стапката на инфекции според возрасни подгрупи за контролната група
Слика 3. Стапката на инфекции според возрасни подгрупи за експерименталната група