Група истражувачи од Сити универзитетот (CityU) од Хонг Конг создадоа спреј којшто овозможува неживите предмети да се претворат во подвижни машини со големина на инсект. Спрејот содржи честички железо, поливинил алкохол и глутен, кои во комбинирација со вода формираат лепливи, магнетни површини – кожинки.
Благодарение на магнетните својства на спрејот, научниците успеаваат да оживеат обични предмети, како хартија за оригами и памучна врвца.
Ви го пренесуваме едно од видеата поставени на сајтот на CityU, на коешто се прикажуваат овие минијатурни роботи како се тркалаат, пливаат и одат. Идната примена на овој вид роботи церојатно ќе може да се очекува во повеќе сфери, но најмногу во медицината. Па така, токму од овие причини истражувачите експериментираат и со побуда на роботите за извршување серија симулирани биомедицински процедури. Роботските катетри се манипулираат и протнуваат низ тесни крвни садови, додека капсулите во форма на јајце вршат таргетирана доставуваат на лекови во внатрешноста од телото.
Трудот од ова истражување е објавен минатата недела во Science Robotics.