Рубрика: Омнибус
Семос Едукација на својата 25-годишнина присутен во над 20 земји во светот
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 17.11.2020 - 13:00

Првиот и водечки центар за обуки од областа на информатичките технологии во земјава, Семос Едукација одбележува 25 години од своето постоење. Откако во првите години се посвети на воспоставување на стандардите и трендовите во IT индустријата во нашата земја и во регионот, компанијата низ годините прерасна во респектиран субјект во светски рамки и вистински промотор на земјата во областа на интернационалната IT едукација. 

Обуките во Семос Едукација досега ги следеле над 100 000 учесници од над 20 земји од Европа и светот. Семос Едукација е партнер на најголемите светски компании од ИТ индустријата со сертифицирани програми за обука.

Горди сме на фактот што Семос Едукација во изминатите 25 години се етаблираше како сериозен чинител во општеството помагајќи им на 100.000 лица во креирање и усовршување на своите дигитални вештини и кариери. Во нашата држава бевме први кои започнавме со долготрајна едукација преку академии и кои воведовме стандарди за професионална IT едукација преку партнерства со најпознатите IT компании од светот. Двигател сме на новини и континуирано промовираме обуки кои ќе придонесат во напредок на целокупното општество“, истакна Валентина Тасева, генерална директорка на Семос Едукација и додаде: “Само во изминатите неколку години ги претставивме и воведовме како нови професии: софтвер тестер и cloud инженер, а го трасираме патот и за нови, преку обуките за AI (вештачка интелигенција) и VR (виртуелна реалност). Но, сето тоа не би било можно без нашиот високообразован и искусен тим на професионални обучувачи и тренери преку кои гордо носиме знаење во цела Европа и пошироко. Всушност тие се највредниот капитал на Семос Едукација“.

Семос Едукација секоја година доделува стипендии за млади и талентирани поединци, со цел да го поддржи нивното напредување во кариерата. Овие стипендии се доделуваат за Семос Едукација Академиите, како и за официјалните обуки на Microsoft, Cisco, Oracle, EC-Council, Adobe, Autodesk и др. Компанијата учествува во бројни проекти за општествено одговорни практики. Овие проекти секоја година се спроведуваат од страна на Академијата за графички дизајн, која е единствена институција за пост-средно образование во нашата држава, сертифицирана од страна на Министерството за образование и наука. 

На учесниците на обуките на располагање им е и Менторска програма, во рамките на која тие работат под раководство на професионалци од дел од најдобрите компании во регионот. Некои од нив овозможуваат пракса или вработување за најдобрите од учесниците на програмата. Исто така, по завршување на обуката, на сите учесници им е обезбеден пристап до Кариерниот Ценар на Семос Едукација кој е мост помеѓу нив и нивните идни работодавци.
Семос Едукација е еден од основачите на LLPA – Меѓународна асоцијација на водечки тренинг центри во која членуваат најдобрите 33 центри за обука од светот, секој од нив водечки во својата земја. Пред две години, во ноември 2018, Семос Едукација отвори свој тренинг центар во Белград, Србија.

 

--- промотивен напис ---

Клучни зборови: