Рубрика: Биологија
Птиците се многу поинтелигентни од претпоставеното
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 26.10.2020 - 13:45

Кога за некого се вели дека има птичји мозок, вообичаено се мисли дека не размислува многу. Но, според новите истражувања ова е далеку од вистината.

Како што открива магазинот Science во ова нивно видео, две неодамнешни истражувања посветени на комплексноста на мозокот на птиците укажуваат на тоа дека нашите пердувести пријатели се способни дури и за свесно размислување.

Оваа способност веројатно се должи на тоа што и покрај малата големина, нивниот мозок е испреплетен со огромен број неврони, приближно ист број како и кај некои видови мајмуни. Густината на оваа мрежа е особено забележлива во мозочните области наменети за повисоко ниво на размислување. Како што откриваат истражувањата за структурата и начинот на негово функционирање, птичјиот мозок се чини дека е организиран слично на мозокот на цицачите.
За повеќе детали проследете го видеото подолу.  

П. С. * За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings, запченикот во долниот десен агол, и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.

Клучни зборови: