Рубрика: Информатика
Откријте со Google која е заразната мелодија што ви се врти во глава
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 21.10.2020 - 16:30

Новата функција на Google “Hum to Search” може да Ви помогне да откриете која е песната што со денови ви се “врти низ главата“. Во своите алатки за пребарување Гугл ја додаде новата функција која ќе ви овозможи да ја идентификувате досадната песна која никако да ви се тргне од умот преку потпевнување, дури и со “на-на-на” пеење или мумлање ако не ги знаете зборовите (што најчесто е случај со ваквите песни laugh ).

Новата опција е веќе достапна за преземања. Ваше е само да го прашате Гугл “Која е оваа песна?” Потоа го одбирате, одосно кликнувате врз дополнителното копче “search a song“ (барај песна), и сè што останува на крајот е да “запеете”. Гугл ќе ви прикаже неколку резултати, песни што ви се нудат да ги преслушате, за да можете конечно, ако правилно сте “отпеале” да ја идентификувате “катастрофата” што ви го преокупира мозокот.

Од Google објаснуваат дека механизмот бил развиен преку користење на различни извори, вклучувајќи и снимки на луѓе кои ја пеат песната, како и студиски снимки. Апликацијата функционира задоволително прецизно, дури и за оние лишени од доволно добри пеачки способности или слух.

Ова значи дека е голема веројатноста алгоритамот во понудените резултати да ја вклучи и песната од која “дерман немате“.

Клучни зборови: