Рубрика: Информатика
Овозможено плаќање со дланка
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 08.10.2020 - 13:30

Неодамна компанијата Amazon почнала да тестира систем за плаќање со дланка во нејзините продавници.

Нивниот систем којшто ја чита биометријата на дланки, преставен под името Amazon One, неодамна започна да се тестира во две продавници во Сиетл. Наскоро системот би можел да се појави во сите продавници, на билетарите од стадиони, концертни сали, кај згради, а можеби ќе се користи и за отклучување на домот, наместо технологиите што користат отпечаток од прст, препознавање лице или скенирање на рожницата.

Технологијата на Amazon за читање на биометријата работи со препознавање на распоредот на крвните садови, како  и на други телесни обележја специфични за вас. По препознавањето вашата дланка ја претвора во кредитна картичка, лична карта, влезница, или кој и да е друг документ каде е потребна лична идентификација.

Од Amazon велат дека препознавањето на биометријата на дланката е многу подобра работа во однос на другите технологии што се користат денес. Заклучокот го носат врз основа на тоа што овој тип технологија има предност во однос на другите начини за идентификација во насока на тоа што ја штити приватноста на корисникот додека ја корсти, во смисол што не наликува на “полициски“ чин за идентификација, како што е, на пример, системот за препознавање лица.

Како функционира системот Amazon One
Клучни зборови: