Рубрика: Омнибус
Четврти меѓународен саем на патенти, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2020
Автор: Владимир Филевски
Објавено на 08.10.2020 - 11:00

Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM) ги повикува сите домашни иноватори да се пријават за учество на Четвртиот меѓународен саем на патенти, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2020. Со оглед на познатата ситуација со Ковид 19 пандемијата, Саемот ќе се одржи on-line, од 9. до 11 ноември 2020.

На 11 ноември на нашата веб-страница www.naim.mk ќе биде прикажан официјалниот каталог на саемот, со сите пријавени патенти и иновации, заедно со наградените добитници. Наградите се златни, сребрени и бронзени медали со ликот на познатиот пронаоѓач Михајло Пупин. Крајниот датум за пријавување е 31. октомври 2020. Заинтересираните треба да ја пополнат пријавата (https://www.naim.mk/wp-content/uploads/2020/10/App-form-INOVAMAK-2020-4.doc) и да ја испратат на нашата меил адреса ( dpatu_mihajlo_pupin@yahoo.com ) заедно со постер (една страница во .pdf формат) на кој е претставена иновацијата сo неколку реченици објаснување и со еден до два цртежа или фотографии. Дополнителни информации на dpatu_mihajlo_pupin@yahoo.com или на тел. 075-376-831 и 075-228-344.

Со оглед на стекнатиот меѓународен углед што го постигнаа претходните три саеми ИНОВАМАК (мината година учествуваа 20 земји со над 100 патентирани пронајдоци!), оваа година очекуваме  да учествуваат повеќе од 25 земји, и покрај проблемите што произлегоа од пандемијата. Не пропуштајте ја приликата да ја претставите својата иновација пред целиот свет!

Национална асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM)

 

--- Промотивен напис ---

Клучни зборови: