Рубрика: Информатика
Дрон за домашен надзор
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 01.10.2020 - 11:15

Компанијата за надзор и безбедност Ring, која работи во склоп на Amazon, неодамна го престави надзорниот дрон со име Always Home Cam. За овој необичен мал дрон веќе се вели дека претставува нова категорија уреди за надзор во внатрешноста на куќата.

Дронот е “паркиран“ во куќиште кое истовремено служи за напојување, а кога алармниот систем ќе детектира непозната личност во куќата, полетува кон несаканиот гостин, го снима и го пренесува видеото во cloud во реално време. Снимката се упатува директно на екранот од паметниот телефон, таблетот или до лаптопот на сопственикот. Целиот процес е демонстриран на видеото подолу.

Пред инсталирање на дронот корисникот може да се одреди со кој ритам и каде дронот ќе се движи, со цел да се осигура приватноста, доколку сакате да заобиколи одредени локации. Со дронот не може да се управува рачно, а од Ring тврдат дека системот за автономен лет и за избегнување препреки му овозможува безбедно движење низ внатрешноста од куќата или станот.

Иако ова нам ни делува помалку бизарно, веруваме дека и Always Home Cam дронот ќе најде пазар. Засега сè уште не е познато е кога точно ќе започне неговата продажба и по која цена. Којзнае, можеби еден ден ваквите дронови ќе ги опремат и со пиштол со стрелички за успивање, со што ќе станат вистински летечки чувари. wink

Клучни зборови: