Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов – 11/12 септември
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 11.09.2020 - 16:30

Во овој времеплов го славиме роденденот на Харви Флечер, таткото на стереофонскиот звук. Покрај ова ги одбележуваме денот на првата демонстрација на едно интегрирано коло, успехот на советската сонда Луна 2, првата далечински изведена компјутерска пресметка и моментот што ги обедини американците во поддршка мисијата за испраќање човек на Месечината до крајот на шеесетите години.

 

11.9.1884 – Роден е Харви Флечер, таткото на стереофонскиот звук

Харви Флечер (Harvey Fletcher) е американски физичар со огромен број придонеси во доменот на аудиотехнологијата, во преносот на звук и говор на далечина, а ги конструирал и првите помагала за слух и говор.

Додека работел во лабораторијата за телефонската компанија Бел, Флечер ги истражувал човечкиот говор и слух. Тој го изградил првиот практичен аудиометар кој овозможува мерење на губитокот на слух и првото електронско помагало за слушање. Тој ја подобри јасноста на преносот на говор преку телефонските линии и ја зголеми чувствителноста на електронските кола што го претвораат звукот во електрични сигнали и повторно во звук. Флечер е заслужен и за развојот на вештачки ларинкс со цел им помогне на луѓето кои ја изгубиле способноста за зборување. Но, она по што е најпознат Флечер е пронаоѓањето на стереофоничен звук.

Еден малку познат факт за Флечер е неговото учество во познатиот експеримент со капки од масло (Oil Drop) на Роберт Миликан, направен со цел да се утврди односот на полнежот и масата на електронот. Флечер се пресели во Чикаго за да работи на неговиот докторат, но не ги исполнил условите за влез на Универзитетот во Чикаго за постдипломски студии. Роберт Миликан го убедил Флечер да влезе како специјален студент, при што ги поминал курсевите за постдипломски студии додека ја креирал наставната програма потребна за влез на постдипломците. Флечер успеал да го заврши сево ова додека работел како асистент за истражување и предавал физика во едно локално средно училиште. Штом станал докторанд, Миликан станал негов советник.

Во тоа време, Миликан се обидувал да го утврди полнежот на јоните користејќи капки вода распрскувани помеѓу две наелектризирани метални плочи. Наелектризираните водени капки би лебделе во електричното поле создадено од плочите, спротивставувајќи и се на гравитацијата. Проблемот бил во тоа што капките вода испарувале пребрзо, пред да се бидат направени точни мерења. Флечер дошол на идеја за користење масло наместо вода. Тој го спровел експериментот и успешно го одредил односот полнеж / маса на електронот.

Од овој експеримент произлегле пет објавени трудови. Како единствениот автор потпишан на еден од овие трудови Флечер ќе се стекне со титулата доктор на науки, во замена на што  Миликан ќе биде наведен како единствениот автор на важниот труд. Флечер докторирал додека Миликан ја добил Нобеловата награда за физика во 1923 година. Но, Флечер не му се лутел на Миликан затоа што бил изоставен од ова важно дело. Тој чувствувал дека Миликан му помогнал кога никој друг не сакал да му помогне кога тој дошол во Чикаго, па дури успеал да му помогне и да се вработи кога тоа му било најпотребно, за да ги надомести трошоците за школување. Флечер сметал дека без влијанието на Миликан, тој никогаш немал да влезе во програмата за постдипломски студии. (Н. С.)

 

11.10.1940 – Демонстрирана е првата компујтерска пресметка направена од далечина

Првата јавна демонстрација на пресметка од далечина се случила за време на конференцијата на Американското математичко друштво на колеџот Дартмут. Истражувачот на Bell Laboratories, Џорџ Стибиц, поставил терминал, модифициран телетип, којшто им овозможил на присутните на конференцијата да испратат податоци и пресметковни команди до компјутерот Complex Number Computer што се наоѓал во Бел Лабораториите во Њујорк. Податоците биле испраќани преку телеграфските линии. Стибиц најнапред ја тестирал врската два дена претходно, на 9 септември, а овој настанот е овековечен со спомен плоча поставена пред Мекнут Хол на колеџот во Дартмут. (И. З.)

 

12.9.1958 – Успешно е демонстрирана работата на првото интегрирано коло

Интегрираното коло, како идеја, се јавува уште за време на 2. Светска војна. Првичната идеја е на радарските инженери од Британското Министерство за одбрана, но уште долго ќе се чека на практична и работна реализација на оваа идеја.

Џек Килби, тогаш “тазе” вработен во Тексас Инструментс, ги запишува своите идеи и нацрти во јули 1958 г., а практично ги реализира за нешто помалку од два месеца. На 6. февруари на Килби му е одобрен патентот за интегрираното коло, а во 2000 г. тој ја добива и Нобеловата награда за физика за неговата улога во пронаоѓање на интегрираното коло. (Н. С.)

 

12.9.1959 – СССР ја лансира сондата Луна 2

На 12 септември 1959 година Советскиот Сојуз ја лансираше втората од нивните месечеви сонди Луна. Луна 1 требаше да биде првиот вештачки објект што ќе стигне до Месечината, но грешка при лансирањето предизвика сондата да ја промаши целта. Луна 2 беше дизајнирана за лет кон Месечината и потоа да удри во нејзината површина. Ударот во површината на Месечината ќе се случи два дена подоцна, на 13 септември, при што сондата ќе удери на 0 степени географска должина, 29,1 степени северна географска ширина, во регионот Palus Putredinus.

Луна 2 ќе го потврди откритието на Сончевиот ветер, направено со сондата Луна 1. Сончевиот ветер е проток од високоенергетски честички и плазма коишто потекнуваат од Сонцето и кои се простираат нанадвор низ Сончевиот систем. Постоењето на сончевиот ветер претходно беше хипотетизирано од страна на неколку физичари и астрономи, но никогаш не било измерено директно пред летот на Луна 1. Луна 2 го потврди ова откритие. Мисијата Луна откри и дека околу Месечината не постојат радијациски појаси, како што се ван аленовите појаси околу Земјата, а исто така беше откриено и дека Месечината не поседува значително магнетно поле. (Н. С.)

 

12.9.1692 – Америка "Избира до оди на Месечината"

На 12 септември 1962 година, претседателот Кенеди го одржа својот познат говор Избравме да одиме на Месечината“ на универзитетот Рајс во Тексас. Пред 1962 година меѓу американците беше раширено чувството дека САД постојано заостануваат зад Советите во вселенската трка. Советите ги престигнаа САД во неколку клучни потфати – први лансираа сателит (Спутник) во земјината орбита, први лансираа човек во вселената (Јуриј Гагарин) и први испратија вселенско летало на Месечината (Луна 2). Говорот на Кенеди на универзитетот Рајс требаше да го поттикне американскиот народ да не се откажува од трката и да го мотивира за идни потфати, играјќи притоа на картата на националната гордост. Кенеди се обрати на толпата од 35 000 присутни и го претстави планот на национална поддршка за успешно спуштање човек на Месечината и негово безбедно враќање, до крајот на истата деценија. Соединетите држави ќе го остварат овој предизвик на 20 јули 1969 година. (Н. С.)

Клучни зборови:
Харви Флечер, таткото на стереофонијата

Харви Флечер, таткото на стереофонијата

Харви Флечер, таткото на стереофонијата

Харви Флечер, таткото на стереофонијата

Аудиометар

Аудиометар

Слушното помагало конструирано од Харви Флечер

Слушното помагало конструирано од Харви Флечер

Местото каде беше направена првата јавна демонстрација на пресметка од далечина

Местото каде беше направена првата јавна демонстрација на пресметка од далечина 

Џорџ Стибиц

Џорџ Стибиц

Спомен плочата што го одбележува настанот на првата компјутерска пресметка изведена од далечина

Спомен плочата што го одбележува настанот на првата компјутерска пресметка изведена од далечина

Џек Килби

Џек Килби

Првото интегрирано коло

Првото интегрирано коло

Килби со интегрираното коло

Килби со интегрираното коло

Сондата Луна 2

Сондата Луна 2

Сондата Луна 2

Сондата Луна 2