Рубрика: Информатика
Лансирана апликацијата Google One
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 04.08.2020 - 15:15

Пред две години Google ја стартуваше опцијата за Google One членство, кое нудеше повеќе различни планови за складирање податоци, можност за споделување на просторот за складирање со други членови или со семејството, поволности за овие членови во сегментот на онлајн продавницата за апликации Google Play, поддршка “во живо” и слично. Покрај тоа, стартуваше и автоматскиот backup за податоци и креирање на безбедносни копии за сите корисници на Андорид уредите.

Со цел некои од погодностите да станат достапни за што поголем број корисници, беше лансирана апликацијата Google One а овозможено е целосно бесплатно креирање на безбедносни копии од целиот телефон. Притоа додадена е и нова алатка за управување со меморискиот простор. Со сите овие новини секој може на едноставен начин да направи backup на целиот телефон, да ги среди и да ги “подзачисти” датотеките присутни во Google Photos, на Google Drive или, пак, на неговата корисничка сметка на Gmail.

 Google One е веќе достапен во продавницата Google Play за сите Андроид корисници, додека барем овојпат, корисниците на iOS платформата ќе мора да почекаат, но не за долго. Google планира сите овие новини многу скоро да ги направи достапни и за нив.

 

Клучни зборови: