М6 Едукативниот Центар, кој се наоѓа на листата даватели на обуки за дигитални вештини за млади лица во соработка со КАБТЕЛ, креираше нестереотипна обука Networks and Cyber security. Оваа обука го развива, пред сè, практичното знаење на учесниците, со која, по завршувањето на обуката, стануваат подготвени за работа во голем број компаниите во кои овие вештини се повеќе од неопходни.
Висококвалитетни содржини од областа на Structured Cabling Solutions, Networking, Cyber Security, Wi-Fi Solutions, Storages и останати вештини потребни за ефикасно функционирање на компаниите, особено во време на имплементирање на процесите на дигитална трансформација, ќе ги доближат учесниците до посакуваната кариера!
“Од нашето досегашно скоро 20-годишно искуство во оваа област, мое како и на целиот тим на сертифицирани колеги од секторот Професионални сервиси на КАБТЕЛ, а секако земајќи ја предвид и соработката што КАБТЕЛ, како компанија која ја предводам, ја има со водечките светски брендови кои се занимаваат со ИТ и сајбер безбедност, како што се пред сè Kaspersky, Sophos, Thales Defence & Security, а истовемено и недостатокот на кадар со кој се соочуваме, произлезе потребата од ваква обука. Линкот помеѓу образовните институции и едукативните центри од една страна и компаниите и институциите каде што теоријата се спојува со пракса е од исклучителна важност како во ниту една индустрија до сега”, вели Горан Митрески, главен извршен директор и сопственик на КАБТЕЛ, една од најреномираните македонски компании со долгогодишна експертиза за оваа проблематика во земјава.
“Долгогодишното искуство ни овозможи да го согледаме пазарот, одредувајќи ги потребите на различни целни групи и во 2020, со нова стратегија, развивме иновативни програми за напреден професионален и личен развој. Пресретнати од вонредните услови предизвикaни од КОВИД-19, создавањето на овие програми претставуваше вистински предизвик, кој ние го препознавме како огромна шанса. Се насочивме кон трансформативни проекти кои им помагаат на индивидуите, компаниите и институциите да развијат вештини за полесно да ги прилагодат своите системи на новите услови за работење!
Најновото во нашата понуда се токму три нестереотипни програми за практичен развој на дигитални вештини и тоа: дигитален маркетинг, графичка артикулација преку изучување на AutoCAD, и Networks and Cyber Security достапни и со ваучер преку Министерството за образование и наука“, изјави Елена Младеновска – Јеленковиќ, извршен директор на М6 Едукативен центар, М6 Инвестициска групација.
Гости предавачи од реномирани компании како Kaspersky, Alcatel Lucent, Sophos, Nakivo… се планирани за интерактивните сесии!
Повеќе информации за обуката тука.