Рубрика: Астрономија и астронаутика
НАСА го лансира кон Марс роверот Упорност
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 30.07.2020 - 13:30

Денес, од Кејп Канаверал, НАСА го лансира роверот Упорност (Perseverance), познат и како Марс2020. Според планот роверот треба да слета на површината на Марс на 18 февруари 2021 година во кратерот Језеро.

Роверот Упорност е досега најнапредниот ровер којшто ќе се најде на Црвената планета. На неговиот развој се работи повеќе од една декада, а примарна цел на роверот е да бара знаци за постоењето древен микробен живот, да ја проучува геологијата и климата на црвената планета, да собира примероци од седиментните наслаги и да ги документира, како и, најбитното, да собере што е можно податоци коишто ќе ја олеснат мисијата којашто ќе донесе човек на Црвената Планета.

Заедно со себе, како придружник во истражувањата, роверот Упорност ќе го има мини-хеликоптерот именуван како Генијалност, којшто ќе биде прво летало кое ќе контролирано ќе крстосува низ атмосферата на Црвената Планета.

Лансирањето може да го проследите во живо на сајтот на НАСА

Пренос од лансирањето на мисијата Марс2020