Рубрика: Информатика
Баг на Firefox за Andorid којшто ја нарушува приватноста
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 22.07.2020 - 13:45

Камерата останува активна и кога телефонот ќе се исклучи

Од компанијата Mozzila кажуваат дека работат на решавање на грешката во Firefox за Андроид поради која што камерата на паметниот телефон останува активна дури и кога корисникот ќе го заклучи телефонот. Портпаролот на Mozzila рекол дека поддршка за багот очекуваат во октомври. За првпат багот беше забележан и пријавен на Mozzila пред цела една година (!) во јули 2019-та.

До грешката дошло кога корисниците гледале видео на веб-сајт вчитан со Firefox.

Корисниците на мобилните уреди честопати се рашаваат за стриминг од мобилниот прегледувач поради приватноста, затоа што, на пример, не сакаат да инсталираат некоја злонамерна апликација што  ќе овозможи непречен пристап да податоците на нивниот паметен телефон.  Прегледувачите за мобилни уреди спречуваат веб-сајтовите да пристапат до податоците од паметниот телефон, сведувајќи го собирањето на податоци на минимум. Забележано е дека стримингот на видеа на Firefox продолжува дури и во ситуации кога нормално треба да престане. Иако ова го забавува и интернетот, багот пред сè е проблем од аспект на приватноста, бидејќи Firefox и понатаму ќе стримува од корисничкиот уред во ситуации кога корисникот очекува приватност со премин на друга апликација или со заклучување на уредот.

Од компанијата Mozzila известуваат дека нивниот прегледник од новата генерација за Андроид кој засега е достапен како тест верзија, Firefox Nightly, истакнува соодветно известување кога сајтовите ќе пристапат до хардверот.

Клучни зборови: