Група на искусни ИТ експерти од Србија стартуваше иновативен стартап проект “дигитален келнер“, кој полека почнува да го освојува и светот.
Новиот, едноставен и лесно прилагодлив сервис, KONO.BAR е бесплатен и за угостителите и за гостите. Целта е да се добие квалитетната и брза услуга во угостителските објекти од сите видови.
Користењето на оваа апликација овозможува маскимална здравствена безбедност, нудејќи минимален конаткт со евентуално заразените површини и личности, што е мошне важно во овие моменти на чувствителна емидемиолошка ситуација. Пристапот до сервисот на “дигиталниот келнер“ е едноставен, се снима со мобилниот уред, поточно се скенира QR кодот поставен на самата маса, а потоа, кога корисникот ќе го вчита комплетното мени на ресторанот во којшто се наоѓа, гостинот ја одбира нарачката којашто келнерот ја добива кај себе и за многу кратко време гостинот е послужен.
Ова значи дека гостинот не мора да чека келнерот да го забележи и да се појави, туку нарачува или бара сметка кога сака. Би ја нагласиле и важноста на тоа што гостинот не мора да го допира хартиеното мени, коешто е невозможно да се дезинфенцира, со што во голема мера се намалува ризикот од пренос на заразни болести. На овој начин се намалува времето на чекање на услугата, а истовремено и гостинот и келнерот се заштитени.
Уште една голема предност на KONO.BAR е тоа што менито на ресторанот може да биде достапно на многу повеќе јазици, што ја олеснува комуникацијата со туристите бидејќи менито сега може да биде достапно и на нивниот мајчин јазик, независно дали тоа е унгарски, кинески, француски... Освен тоа ваквото мени ја олеснува и комуникацијата на келнерот со глувонемите личности.
Дигиталното мени лесно се менува и овозможува детален опис на артикли со слики и цени, така што секој ресторан може посебно да ја истакне дневната понуда за храна и пијалок кога ќе посака. Сите сегменти на сервисот се достапни преку камерата на телефонот или читачот на QR код, нема потреба од инсталирање на апликацијата на телефонот, а угостителите бесплатно ја добиваат сета неопходна опрема.
Освен за ресторани, кафулиња и за клубови, севисот може да се користи и во хотелијерството, како опција за услугата рум-сервис, а може да го употребуваат и рестораните за брза храна и самопослужување, за гостинот на телефонот да добие информација за тоа кога неговата нарачка е подготвена за преземање.
Со оглед да тоа што сервисот е бесплатен во соседна Србија, не зачудува тоа што таму услугите ги користат повеќе од 200 ресторани. Според информациите на девелоперите сервисот се користи и во Шпанија, САД, Грција, Босна и Херцеговина и Хрватска.