Рубрика: Информатика
Facebook и Instagram ќе ги предупредуваат корисниците да носат маски
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 13.07.2020 - 14:15

Facebook најавил дека во њусфидот наскоро може да додаде нов систем пораки замислен за корисниците да ги потсетува да носат заштитни маски.

Пораките за предупредување и препораките за носење маска ќе се појавуаат на врвот на News Feed – от, за повеќе информации корисниците ќе се насочуваат кон сајтот надлежниот Центар за информации за Ковид-19 и кон Центарот за контрола и превенција за ширење на заразни болести во Америка. Слична порака ќе биде видлива и за корисниците на Инстаграм кои исто така ќе бидат насочуваат  кон веб-страниците на надлежните институции доколку сакаат повеќе информации.

Треба да се напомене дека Facebook веќе некое време се бори со поплавата од лажни вести поврзани за коронавирусот, и веќе некоевреме има опција која кориснциите ги предупредува дека некоја информација е потенцијално лажна, па во предупредувањето ги посочува линковите на кои можат да се добијат вистинските информации од здравствените организации.

Клучни зборови: