Замислете да можете да го скратите времето што секој ден го поминувате на администрирање на безбедноста за 90%, а истовремено да го намалите за 85% бројот на безбедносни инциденти што треба да се истражат. Звучи премногу добро за да биде вистина, нели?
Не баш. Затоа што тоа се реалните придобивки што ги имаат организациите кои го користат системот за кибер-безбедност на Sophos, се вели во извештајот Sophos Business Impact.
Со заштитата Sophos Intercept X за крајните корисници, Sophos XG Firewall за влезните точки и менаџирањето на сè друго со Sophos Central, корисниците на Sophos забележуваат значителни подобрувања на заштитата и на ИТ-ефикасноста.
Ефекти кај корисниците
Контактиравме петмина корисници во Северна Америка, Европа и во Азија за да ги анализираме ефектите што ги има системот за кибер-безбедност на Sophos, кој тие го користат. Ситуацијата на секој од корисниците е различна, има различни организациски структури, предизвици и потреби за бизнисот. Сепак, едно нешто е заедничко за сите нив: корисниците велат дека ако сакаат да го одржат истото ниво на безбедност, ќе треба да го удвојат бројот на луѓе задолжени за безбедност, доколку не го користат системот за кибер-безбедност на Sophos од најновата генерација.
Исто така, тие велат дека откако го користат системот имале многу помалку инциденти во однос на безбедноста, а ако се случи нешто, можат побрзо да го идентификуваат проблемот и да реагираат.
Корисник A: Здравствена установа, САД
Корисникот А е регионална здравствена установа чиишто услуги вклучуваат нега во и надвор од установата, медицинска пракса, домови за стари лица и разни специјалистички услуги. Тие имаат 4 500 вработени, од кои 80 се ИТ-персонал, а тројца се задолжени за кибер-безбедност. Придобивките што тие ги имале од Sophos системот вклучуваат:
• 50% помалку ресурси потребни за ИТ безбедност – корисникот во моментов има само тројца вработени задолжени за кибер-безбедност. Кога не би го користеле Sophos, пресметале дека ќе им бидат потребни уште тројца аналитичари за безбедност, за реакција на инциденти.
• повеќе од 90% помалку секојдневно менаџирање со безбедноста – менаџерот за ИТ-безбедност секој ден поминува 30 минути на проверка на логирањето и за истражување на сè што е сомнително. Пред да го користат Ѕophos му бил потребен цел ден за да ги провери истите информации со иста прецизност.
• 85% помалку инциденти со безбедноста – пред да го користат Sophos, тие во просек имале по три инцидента дневно, кои требало дополнително да се истражат. Со Sophos овој број е намален во просек на по еден инцидент на секои три дена.
• повеќе од 90% помалку потребно време за истражување на инцидентите – пред Sophos им биле потребни околу три часа за целосна истрага на еден инцидент, што вклучувалo добивање локален пристап до компјутерот којшто има проблем. Сега се потребни максимум 15 минути за истата работа да се направи преку платформата Sophos Central.
Корисник Б: Едукативна установа, Индија
Корисникот Б нуди едукативни услуги на колеџи и на универзитети во Индија и во поширокиот југоисточен дел од Азија. Во нивното седиште во Бангалор имаат централен ИТ-тим и, заедно со локални ИТ-менаџери, на самото место ја осигуруваат безбедноста на десетици илјади студенти. Ефектите од системот за кибер-безбедност на Sophos се следните:
• 50% помалку потребен персонал за секојдневно менаџирање на безбедноста – претходно имале четворица инженери за менаџирање на безбедноста. Откако се префрлиле на Sophos, имаат потреба од само двајца инженери кои се грижат за безбедноста на целата компанија.
• 94% помалку потребно време за индентификација на високоризичните проблеми што треба да се истражат – пред да почнат да го користат Sophos, им биле потребни 3 до 4 часа за да ги индентификуваат проблемите што треба подетално да се истражат. Сега се потребни само 10 до 15 минути за да се идентификуваат приоритетните области за обезбедување низ целата организација преку Sophos Central.
• 98% помалку потребно време за идентификација на изворот на лош сообраќај на мрежата – со претходното мрежно решение за безбедност биле потребни два дена или подолго за идентификување на уредот кој има лоши перформанси или проблеми со безбедноста. Сега се потребни само 15 минути за да се најде проблемот и да се реагира.
• 95% помалку време за менаџирање на надградбите – пред Sophos секоја надградба траела од 3 до 4 часа. Сега една надградба трае само 10 минути. Со 20 до 25 надградби годишно, тоа значи заштеда на околу 75 часа.
За да дознаете повеќе и да ги прочитате сите пет студии, прочитајте го извештајот „Cybersecurity Evolved: The Sophos Business Impact“.
Ако сакате да ги испробате решенијата на Sophos, можете да почнете со инстант онлајн-демо на https://secure2.sophos.com/en-us/products/demos.aspx.
Искусете ги придобивките од решенијата на Sophos; вашето решение побарајте го во КАБТЕЛ, Gold Partner на Sophos за Македонија.
--- комерцијален напис ---