Во рамки на проектот за дигитализација на телефонските говорници, преставен во Научно-технолошкиот парк во Белград, главниот град на Србија наскоро ќе добие мрежа од паметни телефонски говорници. Првите 50 телефонски говорници ќе бидат поставени во централните белградски општини.
Паметните говорници со интерактивен екран на допир ќе овозможат лесен пристап до информациите за градските сервиси и линиите на градскиот превоз, ќе вклучуваат мапа на градот, но и информации за туристичката и културната понуда на Белград.
Паметните телефонски говорници се плод на соработката помеѓу Телеком Србија и Strawberry Energy, компанија пионер во развојот на паметни IoT уреди и решенија за паметни градови. Проектот опфаќа замена на веќепостоечките 100 говорници во централното градско опкружување. Во рамките на првата фаза на есен ќе бидат поставени првите 50 говорници чија вредност е 2,5 милиони евра.
Покрај стандардната можност за телефонски повици, говорниците ќе нудат пристап до бесплатен интернет, итни СОС повици, полнење на мобилните уреди....