Рубрика: Индустриски дизајн
Leaf – проѕирна маска што штити а го открива лицето
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 06.07.2020 - 15:30

Конечно маска која делува пријателски, не го крие лицето и трае месец дена

Leaf е маска направена од проѕирен медицински силикон, со N99+ HEPA филтер којшто ги блокира 99,99% од честичките со големина од 0,3 микрони, а има и можност за активна стерилизација, со помош на UV-C светло.

Со својот изглед и можности новата маска Leaf, којашто е одобрена и од американската Администрација за храна и лекови (FDA) ги надминува перформансите на досегашните маски.

Основно обележје на Leaf маската е способноста за филтрирање на воздухот со s N99+ HEPA филтер којшто блокира 99,99% од честичките со големина од 0,3 микрони. Исто така, има можност за самочистење со помош на UV-C светло кое служи за уништување на бактерии и вируси, што ја прави оваа маска посигурна од текстилните. Притоа активната стерилизација овоможува филтерот да трае дури еден месец.

Маската е направена од проѕирен медицински силикон, а филтрите се сместени на брадата. Со ова е овозможена видливост на носот, устата и образите, додека се носи маската. На овој начин јасно се гледа идентитетот на говорникот и изразот на неговото лице, па носењето на оваа маска изгледа “попријателски“ од досегашните варијанти.

Leaf маската е изработена од силикон којшто е отпорен на замаглување во текот на дишењето и останува проѕиран. Достапна е во четири величини, наменети за деца и за возрасни.

Маската има три варијанти – Leaf HEPA, Leaf UV и Leaf PRO.

Leaf HEPA има N99+ HEPA филтрација и многу е лесна, Leaf UV има UV-C стерилизација вградена во куќиштето на филтерот со што ги уништува патогените на на ниво на ДНК, а дополнително има филтрација со активен јаглен која ги отстранува мирисите и органските честички.

Најнапредниот модел, Leaf PRO, има дополнителен активен вентилатор и сензор на квалит на воздухот. Може да се поврзи со iOS / Android апликација со помош на која може да се контролира проветрувањето и да се прикажуваат информации добиени од сензорот на маската во врска со квалитетот на воздухот во непосредното опкружување.

Производството на маската се финансира преку порталото Indiegogo каде сè уште може да се нарачаат неколку различни пакувања на маската, поединечно или како семеен комплет, за поддршка на проектот. Цената во ваков вид на преднарачка се движи од 49 долари за 1 модел на Leaf HEPA, 89 долари за Leaf UV до 199 американски долари за Leaf PRO. Цената за семејното пакување, коешто содржи 4 маски се движи од 179 до 300 и повеќе американски долари а некои од комплетите за возрасни достигнуваат цени и до 1000 и повеќе долари.

Клучни зборови: