Наскоро Apple Watch ќе им помага на своите корисници да проценат дали доволно и темелно ги измиле рацете за да се спречи ширењето на корона вирусот. Во пакетот иновации кои ќе бидат имплементирани во WatchOS7, на WWDC е преставена и функцијата што ќе им помага на оние што редовно го носат Apple Watch да откријат дали редовно ги мијат рацете.
Ако часовникот процени дека редовно ги миете рацете, секогаш кога тоа ќе го правите ќе ви одбројува 20 секунди, колку што минимално треба да трае миењето раце. По истекот на овие 20 секунди вашиот уред ќе завибрира, па ќе знаете дека поминало доволно време.
Паметниот часовник ќе собира и информации за опкружувањето, вклучувајќи и звуци и информации дали во вашето опкружување има вода, за полесно да може да процени дали се придружувате до мерките.
Како што известува Business Insider , новиот оперативен систем WatchOS 7 би требало да стане достапен некаде во текот на есента.
the new Apple WatchOS has "handwashing detection" to help you wash for 20 seconds #WWDC20 #WWDC2020 pic.twitter.com/A8t0a14C1B
— Chris Fox (@thisisFoxx) June 22, 2020