Според истражувањата на стручњаците за безбедност, половина од повиците кои корисниците ги добиваат оваа година се спам или скам повици, поврзани со несакано огласување или обид за измама. Со други зборови, изборот за прифаќање повик од непознат број можете слободно да го решите како ибор петка или глава и фрлање паричка.
Токму затоа во Google се решија да се позанимаваат со ова прашање, па во апликацијата Phone додадоа функција наречена Verified Calls, која ќе ви каже која компанија и зошто ве бара, па со тоа ќе ви го олесни изборот дали да го прифатите повикот или не.
Google на својата страница за поддршка (Support) објаснува дека за правилно функционирање на оваа опција соработува со компаниите, за да од нив да добијат идентитет и причина на повикот, пред да се проследи повикот до вас. Кога некоја компанија сака да ве побара и да ви понуди некоја своја услуга или производ, повикот прво ќе стигне кај Google, придружен со логото на компанијата и наведена причина за повикот, како на пример, ”ресетирање на интернет конекцијата“ или “достава на храна”, по што Google ќе ви го проследи повикот со известување дека бил “верифициран од Google“ . Ова значи дека сите повици кои ќе стигнат без верификација можете слободно да ги игнорирате, или барем ќе знаете дека се работи за оние кои не го поминале Гугловиот систем на проверка.
Треба да се нагласи дека ова функционира единствено ако за реализачија на повиците на вашиот телефон ја користите апликацијата Phone на Гугл и ако вашиот број е поврзан со вашата Гугл сметка, што можете да го направите на myaccount.google.com.