Суперкомпјутерот Фугаку во Јапонија се најде на првото место од Топ500 листата на моќни суперкомпјутери, прекинувајќи ја долгогодишната доминација на САД и на Кина во оваа сфера. На листата се рангирани најмоќните компјутерски системи во светот коишто секако не се достапни во масовна продажба, туку се градени за специјални намени кои побаруваат моќни пресметки и обработки на податоци.
Компјутерот Самит (Summit) во САД сè до неодамна беше најбрз. Но Фугаку (Fugaku) со оваа брзина го тргна од престолот суперкомпјутерите на САД и Кина кои беа водечки во последните 11 години. Но Фугаку прави 2,8 пати повеќе пресметки во секунда од компјутерот на IBM во САД. Фугаку е 1000 пати побрз од просечниот компјутер а брзината со којашто тој ги прави пресметките е зашеметувачки 415,53 пентафлопси.
Колку за потсетување, флопс е кратенка за "број на операции со подвижна запирка во секунда" и најчесто се употребува при научни пресметки со (неискажливо) обемни математички операции.
Суперкомпјутерот Фугаку веќе е вклучен во изнаоѓањето ефективен начин за справување со корнавирусот преку изработка на симулации за ширењето на инфекцијата во канцеларии со прегради и во преполни возови со отворени прозори. Со оглед на тоа што неговата инсталација сè уште не е готова експертите се надеваат дека до следната година Фугаку ќе може да им помогне во стеснувањето на изборот за ефективни третмани проти Ковид-19.
Фугаку зазема цела една просторија во градот Кобе, а во последните шест години го развивале компаниите Фуџицу и владиниот Институт за компјутерски науки Рикен. Неговото име е воедно и друг назив за планината Фиџи.
Фугаку е единствениот суперкомпјутер којшто го зазеде првото место на пет различни рангирањата по брзина на перформансите, тој е на врвот на листите Graf500, HPCG и HPL-AI.