Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 12.6.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 12.06.2020 - 15:30

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови пишуваме за човекот што го “дешифрираше” сложениот “говор” на пчелите и го одбележуваме роденденот на велосипедот.

 

12.6.1982 – Почина Карл фон Фриш

Карл фон Фриш (Karl von Frisch) е австриски зоолог кому му припадна една третина од Нобеловата награда за медицина во 1973 година за ”откритијата во врска со организацијата и поттикнувањето на индивидуалните и социјалните шеми на однесување”. Откритијата на Фриш се направени при неговите истражувања на пчелите.

Првото откритие на Фриш беше дека пчелите гледаат во боја. Тој го докажал ова со хранење на пчелите со капки шеќерна вода коишто ги оставал врз сина картичка. Подоцна, тој ја поставил сината картичка сместена меѓу низа сиви картички. На животно коешто не разликува боја, сите картички би му изгледале сиви. Но, пчелите секогаш летале точно кон синиот картон. Понатамошните експерименти покажале дека пчелите ја гледаат ултравиолетовата светлина и се чувствителни на поларизирана светлина.

Второто откритие на Фриш беше дека пчелите танцуваат. Тој забележал дека кога пчелата “извидник” ќе најде локација за хранење, набрзо потоа на истата локација се појавуваат и другите пчели “проценители / претходници”. Тој заклучил дека извидничката пчела некако ги пренесува информациите до остатокот од ројот во кошницата. Тој почнал да ги следи овие пчели и да го набљудува нивното однесување кога тие ќе се вратат назад во кошницата. Фриш открил дека пчелата претходник изведувала два различни танци во зависност од оддалеченоста до изворот на храна. Ако извидникот најде храна на далечина од 50 метри, пчелата танцувала во круг. Овој танц сам по себе не дава никакви информации освен дека во близина има храна. Интересен е танцот кога храната била откриена подалеку. Кога храната се наоѓала на далечина поголема од 50 метри, пчелата извудник изведувала “танц со нишање“.

Танцот со нишање го прави пчелата којашто се движи исцртувајќи осумка и нишајќи го стомакот при преминување преку средниот дел од осмицата. Насоката во која се движи пчелата додека ги изведува танцот со нишање го озналува правецот во којшто се наоѓа храната,  го означува  аголот помеѓу изворот на храна и Сонцето. Бројот на стомачни нишања одговара на растојанието. Секое нишање е приближно еднакво на 800 метри. Тој исто така открил дека колку што пчелата поинтензивно танцвала, толку подобар билизворот на храна.

Ова се смета за една од најсложените форми на комуникација досега забележана во животинското царство, настрана од комуникацијата на меѓу приматите. (Н. С.)

 

12.6.1817 – Среќен точак-ден!

На денешен ден, пред точно 203 години на патот Манхајм – Швецинген се собрала толпа луѓе да ја проследи демонстрацијата на најновиот пронајдок на баронот Карл фон Драјс, наречена според него – драјсенова машина за трчање/дресина (draisienne laufmachine) или велосипед (velocipede), како што самиот Драјс го превел терминот laufmachine на францускиот леток.
Драјс со неговата неговата трчачка машина, велосипедот изминал речиси 15 километри за 1 час. Иако истиот пат со јавање би се поминал многу побргу, сепак изумот на Драјс се сметал за голем напредок во изнаоѓањето нови независни начини на превоз.
Изумот на фон Драјс ќе претрпи со текот на времето повеќе измени од низа иноватори за конечно велосипедот да ја добие формата што денес ни е познат на сите. (Н. С.)

Клучни зборови:
Карл фон Фриш ги набљудува пчелите

Карл фон Фриш ги набљудува пчелите

Карл фон Фриш

Карл фон Фриш

Танцот на пчелите

Танцот на пчелите

Машината за трчање на Драјс

Машината за трчање на Драјс

Карл Драјс

Карл Драјс