Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 11.6.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 11.06.2020 - 02:30

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови одбележуваме 110 години од раѓањето на еден од најславните подводни истражувачи и активисти за зачувувањето на водниот свет – Жак Кусто, и промоцијата на првата играчка што користи синтетизација на човечки глас.

 

11.6.1910 – Роден е Жак Кусто

Жак Ив Кусто е француски поморски офицер, истражувач на океанот и еден од пронаоѓачите на Aqua-Lung. Познат е  по обемните подводни истражувања на природата и водниот свет.

По дипломирањето на Поморската академија на Франција во 1933 година, добил чинна помлад поручник. Сепак, неговите планови да стане морнарички пилот пропаднале по една речиси фатална автомобилска несреќа при која ги скршил двете раце. Кусто, иако немал формално образование и тренинг за научна работа, бил привлечен кон подводните истражувања воден од неговата љубов кон океанот и нуркањето. Во 1943 година Кусто и францускиот инженер Емил Гањан го развија првиот целосно автоматски уред  со компримиран воздух Aqua-Lung (scuba apparatus), којшто им овозможи на нуркачите слободно да се движат под вода на подолг временски период. Кусто помогна и во пронаоѓањето на низа други алатки корисни за океанографите, вклучително и  на лесно управливата мала подморница наменета за истражување на морското дно (во 1959 година), како и на голем број фотоапарати и камери наменети за подводно снимање.

За време на Втората светска војна Кусто бил најнапред активен офицер, а подоцна бил член на Француското движење за отпор против германската окупација на земјата. По војната е награден со Легија на честа за неговата работа во доменот на разузнавањето. Експериментите на Кусто со подводни филмови започнале уште за време на војната. Тој бил вклучен во спроведувањето океанографски истражувања во центаротот во Марсеј заедно со францускиот поморски офицер Филип Теје. По војната, тој продолжи да работи за француската морнарица, како шеф на Групата за подводни истражувања во Тулон.

За да ја прошири својата работа во морските истражувања, Кусто основал повеќе организации од доменот на маркетингот, производството, инженерингот и истражувањето, кои во 1973 година биле обединети во Групацијата Кусто. Во 1950 година, тој претвори еден постар британски воен брод наменет за чистење мини во океанографски истражувачки брод. Легендарниот брод Калипсо ќе му овозможи преземање на голем број истражувачки потфати.

Со книгатa Светот на тишината (Le monde du silence) напишана во соработка со Фредерик Дима, Кусто го популаризираше истражувањето во доменот на океанографијата како и скуба нуркањето како спорт. Во 1956 година, тој ја адаптираше книгата во документарен филм, кој го режира заедно со Луј Мал. Филмот ќе ја освои Златната палма на прочуениот меѓународен филмски фестивал во Кан, а ќе освои ја освои и наградата Оскар во 1957 година. Ова ќе биде еден од трите Оскари што ќе ги освојат неговите филмови. Во 1957 година Кусто е именуван за директор на океанографскиот музеј во Монако.

Тој ја предводел Програмата за нуркање Conshelf Saturation, при којашто се спроведувале експерименти во кои мажи живееја и работеа подолг временски период на значителна длабочина под морето. Во 1974 година го формира Друштвото Кусто, непрофитна групација посветена за зачувување на животната средина на светските мориња и океани.

Кусто сними голем број телевизиски програми, вклучувајќи ја и американската серија The Undersea World of Jacques Cousteau (1968 – 76). Неколку документарни филмови беа копродуцирани заедно со неговиот син Филип, сè до предвремената смрт на Филип во авионска несреќа во 1979 година. Во 1985 година Кусто е награден со Претседателскиот медал за слобода на САД.

Кусто е автор и на книгите “Преку 18 метри вода” (1946), “Живото море” (1963), “Три авантури: Галапагос, Титикака, и Сините дупки” (1973), “Делфини” (1975) и “Жак Кусто: Океанскиот свет” (1985). Неговата последна книга, “Човекот, орхидејата и октоподот: Истражување и зачувување на нашиот природен свет” (2007), беше објавена постхумно. (Н. С.)

 

11.6. 1978 - Тексас Инструментс го претстави Speak & Spell

Speak & Spell, претставувало за тоа време иновативно средство за учење, едукативна играчка што зборува, наменета за деца на возраст од 7 и повеќе години. Дебито на оваа играчка го одбележа првото електронско дуплирање/имитација на човечкиот гласен тракт на еден силиконски чип. Speak & Spell користел линеарно предвидливо кодирање за формулација на математички модел за човековиот гласен тракт и за создавање говорен примерок врз основа на претходниот влез. Тој ги трансформирал дигиталните информации обработени преку филтерот во синтетички говор и можел да собере повеќе од 100 секунди јазични звуци. Speak & Spell е првата од серијата од 3 едукативни играчки на Тексас Инструментс. Другите две се Speak & Math и Speak & Read. (И. З.)

Клучни зборови:
Жак Кусто

Жак Кусто

Жак Кусто

Жак Кусто

Бродот Калипсо со којшто Жак Кусто ги реализираше неговите експедиции

Бродот Калипсо со којшто Жак Кусто ги реализираше неговите експедиции

Играчката Speak&Spell

Играчката Speak&Spell