Рубрика: Информатика
Хакирана популарната математичка апликација Mathway
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 10.06.2020 - 18:30

хакерите ги продаваат украдените податоци

Овој напад е последен во низата на хакерската група ShinyHunters која е одговорна за нападите на Wishbone, Zooks и други. Во последните неколку недели оваа хакерска група извршила напади на компании, а украдените податоци ги продаваат на хакерски форуми. Во интервју за ZDNet, изјавиле дека нападот е извршен во јануари оваа година обидувајќи се да избегнат откривање на повеќе деталји за нападот.

На почетокот на месец мај, податоците од Mathway прво се продавале на Dark web (буквално темната страна од интерентот), а подоцна и на јавен и многу популарен хакерски форум. Подaтоците се продаваат за 4000 Bitcoini или Monero криптовалути, а вклучуваат e-mail адреси и лозинки. Најголемиот дел од податоците им припаѓаат на деца. Портпаролот на компанијата Mathway изјавил дека ја признава вината и дека сите загрозени корисници ќе бидат известени за тоа. Тој додал дека ангажирал компанија која ќе го истражи цел случај и ќе ги отстрани сите слабости. Преставникот на компанијата им се извинил на корисниците поради овој инцидент. Апликацијата е популарна кај студентите, учениците и децата бидејќи со нејзина помош се решаваат и основни но и напредни математички проблеми.

Апликацијата MathWay моментално е достапна на Андроид, и iOS како веб-услуга. Веб-страницата mathway.com е мошне популарна.

Клучни зборови: