За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ја одбележуваме промоцијата на првата успешна техника за добивање на фотографии во боја и му оддаваме почит на еден од големите архитекти на 20 век – Антонио Гауди.
10.6.1907 – Претставена е техниката Автохром Лимиер за добивање фотографии во боја
Процесот Автохром Лимиер (Autochrome Lumière) бил патентиран неколку години пред тоа, уште во 1903 година од страна на познатите “филмски” браќа Лимиер. Но, практичната примена на нивниот патент ќе мора да почека сè до 1907 кога е создадена првата комерцијално успешна примена на оваа техника за создавање на фотографии во боја.
Автохроматскиот процес употребува адитивна колор-техника на “мозаична фото-плоча”. Овoj процес за создавање фотографии во боја се користел сè до појавата на супстракцискиот колор-филм кон средината на 30-тите години од минатиот век. Пред браќата Лимиер, Луј Дико Орон (Louis Ducos Hauron) користел техника на сепарации за да добие слики во боја на хартиjа со помош на фото-плочи, добивајќи природни бои со суперимпозиција, процес врз којшто ќе се заснова сета комерцијална колор фотографија.
Наследниците на фотографот Антоан Лимиер, пронаоѓачите Луј и Огист Лимиер ја употребиле техниката Du Hauron во 1869, којашто веќе била подобрена од другите пронаоѓачи како Џон Џоли и Џејмс Вилијам Мекдонах, кои овозможиле печатење на фотографии во боја.
Како најшироко употребуваната форма на колор фотографија во раниот дваесетти век, автохроматската техника била ценета поради нејзината естетика и уникатност, коишто е нејзини најпрепознатливи карактеристики. (Н. С.)
10.6.1926 – Почина Антониo Гауди
Антони Гауди и Корнет (Antoni Gaudí i Cornet) е каталонски архитект, припадник на каталонскиот модернизам, познат по оригиналниот стил и индивидуалистички дизајн.
Гауди студирал архитектура на Вишото техничко училиште за архитектура во Барселона од 1873 до 1877 година. Поради недостигот на парични средства, додека студирал работел како технички цртач, а понекогаш скицирал мебел. Неговиот талент го забележале каталонските архитекти Хозе Фонтсере Местре (Josep Fontserè i Mestre) и Хоан Марторељ (Joan Martorell i Montells), кои го вклучиле во некои нивни проекти.
Гауди дипломирал кога имал 26 години и на почетокот работел како дизјнаер на ентериер и декоратор. Една негова витрина, која ја скицирал за познатата градинка Каса Корнеља во Барселона, била избрана за универзалната изложба во Париз во 1878 година.
Работодавецот Еусеби Гуељ бил импресиониран од елеганцијата и модерниот стил на витрината на Гауди, па станал мецена и редовен клиент на Гауди. Во негова чест, еден од своите најголеми проекти, Гауди го именувал Парк Гуељ.
Првите дела на Гауди биле во стилови карактеристични за готската архитектура и традиционалната каталонска архитектура. Но, во продолжение тој развиј сосптвен скулптурен стил. Францускиот архитект Ежен Виоле ле Дук, кој промовирал и унапредил една форма од готската архитектура, имал големо влијание врз Гауди. Од студент по архитектура, Гауди прераснал во мајстор со оригинални, неправилни и сложени скици. Некои од неговите најголеми дела, како на пример Саграда Фамилија, имаат речиси халуциногена моќ.
Гауди поминал 10 години, работејќи на изгледот на Саграда Фамилија, притоа развивајќи нов модел на структурна пресметка, кој се засновал на модел изграден од јажиња и мали вреќи со олово. Скицата на црквата била направена на дрвена табла, во размер 1:10, а потоа била поставена на таванот од една куќа, веднаш до градилиштето. Јажињата биле закачени на местата каде што требале да бидат подигнати столбовите. Вреќите со олово, кои тежеле десет илјади пати помалку од масаат на сводот, виселе околу сводот со помош на јажињата. Потоа следувало фотографирањето на моделот од различни агли. Кога фотографиите ќе се свртеле наопаку, линиите на затегнатост, создадени од јажиањата и вреќите ги откривале линиите на притисок на згмечената структура. Ова е еден од анчините на кој Гауди обезбедувал природни форми во неговите дела.
Истата чувствителна моќ од најголемите дела на Гауди e присутна и во несекојдневните отмени столови и маси, парчињата мебел дизајнирани од Гауди. Архитектурата на Гауди претставува целосно поврзување на материјали, процеси и поезија. Неговиот пристап во дизајнот на мебел се одликувал со структурна чувствителност и продолжувал со целосната архитектонска идеја.
На неговата оригиналност, неговите современици, најнапред гледале со потсмев. Всушност, тој бил поддржуван само од богатиот индустријалец Еусеби Гуељ. Неговите сограѓани, познати во Каса Миља како “каменоломци“, но и познатиот англиски писател Џорџ Орвел, кој престојувал во Барселона за време на Шпанската граѓанска војна, не ги прифаќале неговите дела. Но, како што мунувало времето, тој станал сè попознат со своите дела. Денес, Гауди се смета за еден од најоригиналните архитекти. (Н. С.)