Рубрика: Информатика
Google Messages со end-to-end енкрипција и backup
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 28.05.2020 - 16:15

Интернет-страницата XDA пишува дека апликацијата Messages на Google наскоро може да добие надградба со неколку нови опции.

Тест-верзијата за апликацијата Messages (со ознака 6.2.031) носи можност за end-to-end енкрипција при праќање пораки во RCS режимот на работа и интеграција со телекомуникацискиот сервис Google FI со можност за синхронизација на пораки и повици со Google акаунт.

Тука sе и опциите Backup и Restore, што значи дека се креира безбедносна копија (бекап) на пораките во облак и можност за нивно враќање по потреба.

Засега не се знае кога точно тест-верзијата ќе излезе во јавност или во слободна дистрибуција. Она што може да потврдиме е дека таа има чист, интуитивен и удобен дизајн – брзи известувања, паметни одговори и свеж нов дизајн којшто ја прави комуникацијата побрза и позабавна. А темниот режим, овозможува удобно соравување со пораките во ситуации со слаба осветленост.

Новиот Messages има лесно споделување на фотографии и видео содржини – изберете ја опцијата за фотографирање или видео директно од апликацијата и споделувајте. Можете да испраќате и аудио пораки до вашите контакти.

Освен аудио пораки овозможено е испраќање емотикони, налепници или вашата локација. Исто така преку апликацијата може да се примаат или прават плаќања во продавницата Google Pay.

За да ја испробате лично тест-верзијата на апликацијата, следете го следниов линк  https://www.apkmirror.com/apk/google-inc/messenger-google-inc/messenger-google-inc-6-2-031-release/

Инаку, онлајн продавницата аpkmirror.com ја води истиот тим којшто стои зад сајтт на Аndroid Police, една од најголемите веб-страници спецјализирана за вести во врска со Android. Сите поставувања на продавницата се проверуваат и одобруваат рачно, при што се дозволени само бесплатни апликации, па така на овој сајнема кракувани ниту пак апликации со назнака “warez”.

Клучни зборови: