Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 27.5.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 27.05.2020 - 16:45

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.

 

27.5.1907 – Родена е Рејчел Карсон, биолог и еколог

Рејчел Луис Карсон (Rachel Louise Carson, 1907 –1964) е американски биолог, позната по нејзините книги посветени на загадувањето на животната средина и историјата на океаните и морињата.

Карсон многу рано развила голем интерес за природниот свет. Се запишала на Женскиот Колеџ во Пенсилванија со намера да стане писател, но набргу потоа го променила полето на студии од англиски во биологија. По успешното завршување на овие студии во 1929 година, и студиите на универзитетот Џон Хопкинс (М.А., 1932), а во 1931 година се приклучила на факултетот на Универзитетот во Мериленд, каде предавала пет години. Од 1929 до 1936 година предавала и во летната школа Џон Хопкинс а ги работела и постдипломските студии на Биолошката морска лабораторија во Вудс Хол, Масачусетс.

Во 1936 година, Карсон ја добива позицијата биолог за води при Аамериканското биро за риболов, каде останала до 1952 година, последните три години како главен уредник на публикациите на ова биро. Еден  напис во месечникот Атлантик од 1937 година послужил како основа за нејзината прва книга, “Под морето-ветрот”, објавена 1941 година.

“Морето околу” нас од 1951 година ќе стане национален бестселер, а била преведена на 30 јазици. Нејзината трета книга, “Работ на морето“ е објавена во 1955 година.

Најзината пророчка визија “Тивка пролет”(1962) издадена од Њујоркер станала бестселер, и притоа го свртела вниманието на светот кон опасностите од загадувањето на животната средина. Очекувањата за иднината на Движењата за животната средина од 1960-тите и раните 70-ти боле генерално песимистички, што се должи на севкупното чувство на “цивилизациска болест “ и постоело убедување дека долгорочните перспективи на Земјата се мрачни. “Тивка пролет” сугерираше дека планетарниот екосистем врќр ги досегнал границите на одржливост. Карсон остана цврсти на нејзините ставови за последиците од недискриминаторната употреба на пестициди и покрај заканите со тужби од хемиската индустрија и обвинувањата дека се занимавала со “емоционализам“ и “грубо изобличување“. Некои критичари дури тврделе дека Карсон е комунист. Карсон почина пред да види какви било суштински резултати од нејзината работа за ова прашање, но зад себе ги остави едни од највлијателните публикации за животната средина. (Н. С.)

 

27.5.1988 – Windows Hits верзија 2.1

Мајкрософт издава 2 верзии на Windows 2.1 – Една за 286 компјутери и една за 386 компјутери. Се сеќавате ли на оваа верзија на Windows? Не? Малкумина се сеќаваат. До верзијата 3, Windows веќе имаше некаков вид на значителна база на корисници. (И. З.)

 

27.5.1937 – Мостот Голден Гејт официјално е пуштен во употреба

Мостот Голден Гејт или Златната Порта, (Golden Gate Bridge) е висечки мост кој се издига над заливот Голден Гејт и ги поврзува градот Сан Франциско и гратчето Саусалито.

Мостот го носи потписот на четворица архитекти / дизајнери – Џозеф Штраус, Черлс Елис, Лион Саломон Мојзеф и Ервин Мароу. Градбата на мостот била започната на 5 јануари 1933 година, а градбата е завршена кон крајот на април 1937 година. Вкупната должина на мостот изнесува 2737 метри, а оддалеченоста меѓу двете кули од главниот лак изнесува 1280 метри, додека висината на водата изнесува 67 метри. Двете кули на мостот имаат висина од 227 метри, а пречникот на главните носечки кабли изнесува 91 сантиметар. Има 6 автомобилски ленти и две патеки за пешаци и велосипедисти.

Мостот денес е меѓународен симбол на градот Сан Франциско и е едно од американските архитекотонски дела што е познато во светски рамки. Голден Гејт е еден од најдолгите висечки мостови во светот. (Н. С.)

Клучни зборови:
Рејчел Луис Карсон

Рејчел Луис Карсон

Рејчел Карсон на терен

Рејчел Карсон на терен

Мостот Голден Гејт навечер

Мостот Голден Гејт навечер

Поглед од врвот на една од кулите

Поглед од врвот на една од кулите на мостот

Поглед на зајдисонце

Поглед на зајдисонце