Рубрика: Информатика
Подготвена мајската надградба за Windows 10
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 27.05.2020 - 14:45

Новата голема надградба на оперативниот систем Windows 10 пристигнува кај корисниците.

Надградбата позната под името Windows 10 May Update (pre 20H1) доаѓа половина година по актуелната Windows 10 November 2019 надградба и носи голем број новини. Нејзината дистрибуција веќе е започната на членовите на Microsoft Windows Insider Preview Program.

Обновената Search компоненета носи подобрен прозорец за резултатите од пребарувањето, брзото пишување за пребарување на Weather и Top News компонентите, како и оптимизација на трошењето на дискот. Пријавата на Windows Hello може да се искористи за пријава во Safe Mode, а со новата надградба додадена е поддршка за мрежна камера.

Windows Subsystem for Linux 2 сега ја носи можноста со полниот Linux Kernel за подобри перформанси во однос на WSL 1 и поддршка за ARM процесори. Исто така, забрзано е и олеснето поврзувањето со Bluetooth уредите, Cortana прозорецот сега е можно да се помести, да се преименува виртуелната десктоп околина, да се следи температурата на процесорот внатре, во менаџерот за задачи (Task Manager), а Notepad добива можност за зумирање на текстот, нумерирање на редовите. Унапредено е и пребарувањето и замената на текстот.

Опцијата Reset this PC сега има можност за преземање на Windows ок Cloud опкружувањето што се придружува на веќе постоечката опција за локална реинсталација на системот на основа на веќе присутните датотеки.

Клучни зборови: