Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 19.5.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 19.05.2020 - 22:15

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.

 

19.5.1743 – Жан-Пјер Кристен го претстави новиот Целзиусов термометар

Жан-Пјер Кристен е француски физичар, математичар, астроном и музичар на преминот од 17 на 18 век. Неговиот предлог за промена на Целзиусовата термометарската скала од дотогаш прифатеното 0º за точка на вриење на водата и 100º за точка на мрзнење на водата на пологичното 100º за точка на вриење а 0º за точка на мрзнење на водата, добил широка поддршка и прифаќање, а како таков се користи и ден денес.

Првите термометри, правени во Лион, користеле алкохол и Реомирова скала од 80 поделоци сместени на еднакво растојание од -0º како точка на топење на водата до -80º како точка на вриење на водата.

Во експериментите, Кристен заклучил дека употребата на живин термометар има повеќе предности од оној со алкохол, поради што на 13 јуни 1740 година го дал предлогот за ваков инструмент. Идејата за термометар со 100 поделоци ја добил при неговите истражувања кога забележал дека малата количина жива ставена во епрувета најнапред се собрала од ладното при ставање во сад со кршен мраз а потоа експандирала од топлината на врелата вода. Бидејќи забележал дека дилатацијата на живата се одвивала во распон од 100, сосема природно просторот го поделил на сто дела. Оваа нова единица мерка била помала од онаа на Реомир, но затоа била во склад со чувствата коишто ги предизвикувале температурните промени.

Имајќи го ова предвид во 1743 тој го претставил дизајнот за првиот живин термометар со 100 поделоци за степени, каде со 0 степени се означува точката на мрзнење на водата а со 100 степени нејзината точка на вриење. Првиот ваков Лионски термометар со 100 поделоци го изработил Пјер Касати. (Н. С.)

 

19.5.2006 – Отворена е продавницата на Apple во форма на “коцка“ во Големото јаболко

Епл компјутерс ја отвори својата втора продавница за малопродажба во Њујорк. Продавницата со површина од 20 000 квадратни метри се наоѓала во подземниот простор на зградата на Џенерал моторс на 767 Петта авенија. Њујорчани со часови стоеле во ред за да бидат меѓу првите што влегле.

Продавницата е отворена 24-часа и на улично ниво може да се види како стаклена коцка висока 32 метри. Изведбата чинеше 9 милиони долари и беше дизајнирана од извршниот директор на Apple, Стив Џобс. (И. З.)

Клучни зборови:
Жан-Пјер Кристен

Жан-Пјер Кристен

Примерок од лионскиот живин термометар на Кристен зачуван во музеј во Лондон

Примерок од лионскиот живин термометар на Кристен зачуван во музеј во Лондон

Стаклената коцка сместена на Петтата авенија во Њујорк

Стаклената коцка сместена на Петтата авенија во Њујорк