Рубрика: Архитектура и градежништво
ГИМ се приклучи кон CINDERELA – проект од програмата Хоризонт 2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 13.05.2020 - 18:15

Градежниот Институт Македонија е дел од конзорциумот извонредни истражувачки институции и други организации вклучени во проектот “Нов бизнис модел на циркуларна економија за поодржлива урбана градба” – CINDERELA, финансиран од престижната европска програма “Хоризонт 2020“.

Европскиот градежен сектор генерира околу 9% од бруто домашниот производ (БДП) во Европската унија, и како една од најважните индустрии директно вработува 18 милиони луѓе. Истовремено градежниот сектор е еден од најголемите потрошувачи на ресурси во Европа, користи околу половина од екстрахираните материјали и создава една третина од целиот отпад на ЕУ. Отпадот од градежништво и уривање (CDW) заедно со отпадот од индустријата, општинските услуги и други, можат да обезбедат одлични секундарни суровини (SRM) за изведување градежни работи и со тоа да го истакнат огромниот потенцијал за намалување на побарувачката за суровини, производството на отпад со максимизирање на вредноста на добиените материјали.


Проектот CINDERELA има за цел да го искористи овој потенцијал преку развивање и демонстрирање нов деловен модел, CinderCEBM, со цел да им помогне на компаниите во поставувањето успешни бизнис модели на циркуларна економија, засновани на можностите за употреба на отпадот како ресурс. Бизнис моделот ќе биде придружуван од услуга one-stop-shop (CinderOSS), која нуди сè што треба компаниите да знаат за производството и примената на градежни материјали засновани на секундарни суровини во згради и градежни работи.

Проектот започна во јуни 2018 година, а ќе трае 48 месеци. Како дел од активностите од страна на ГИМ до сега се направени голем број лабораториски и теренски геотехнички испитувања, анализи и извештаи. Планираните активности се реализирани од тим од инженери и стручни лица од областа на градежништвото, архитектурата, животната средина, лабораторијата за градежни материјали, социјалните аспекти, економијата, правните науки и маркетингот, кои континуирано ќе бидат посветени во реализацијата на активностите во тек на целиот проект.

Покрај ГИМ, конзорциумот на проектот CINDERELA го сочинуваат 13 партнери од 7 земји: Словенија, Италија, Србија, Шпанија, Полска, Холандија, Хрватска.

Конзорциумот е структуриран во 6 локални демонстративни активности и неколку организациони структури за да се гарантира единството на целта и резултатите од проектот. Партнерите заедно со придружните страни го покриваат целиот ланец на вредности на секоја локална активност за демонстрација, која ги вклучува академијата, јавните органи, создавачите на отпад и крајните корисници.

Повеќе за проектот на www.cinderela.eu

--- ПР текст ---

Клучни зборови: