Рубрика: Астрономија и астронаутика
Детектирани гравитациски бранови од бинарен состав од ѕвезди бели џуџиња
Автор: Петар Лагудин
Објавено на 12.05.2020 - 11:15

Уметничка визија на џуџестиот бинарен состав j2322+0509

Белите џуџиња се тип ѕвезди кои потекнуваат од претходни помасивни ѕвезди, но не повеќе од 8 пати помасивни од нашето Сонце, инаку со маса поголема од наведената, тие би еволуирале во неутронски ѕвезди,а не во бели џуџиња. Белите џуџиња настануваат кога некоја таква масивна ѕвезда ќе го потроши сето свое нуклеарно гориво, па тогаш и престанува термонуклеарниот процес во нејзиното јадро и под дејство на сопствената гравитација, таа доживуваат колапс во кој се ослободува нејзината надворешна гасна обвивка претворувајќи се во планетарна маглина. Зад ѕвездата останува само јадрото кое има маса од околу 1,33 Сончеви маси, набиена на волумен од ред на големина колку волуменот на нашата Земја.

Белите џуџиња се застапени во сите галаксии и според проценките, тие опфаќаат околу 1/3 (една третина) од вкупната ѕвездена популација. Емитуваат многу слаба видлива светлина, којашто потекнува од топлинската енергија заостаната во нивното згуснато јадро, а кога тоа наполно ќе се олади, белото џуџе преминува во типот т.н. црни џуџиња.

Уметничка визија на џуџестиот бинарен состав j2322+0509

Една истражувачка група од центарот CfD (Center for Astrophysics) на Харвард, за прв пат досега, детектирала гравитациски бранови од бинарен состав, составен од наведениот тип ѕвезди, бели џуџиња. Да објасниме, бинарен ѕвезден состав образуваат две ѕвезди кои, една наспроти друга, орбитираат околу една централна точка (види ја сликата во прилог). Тоа детектирање истражувачката група го реализирала од опсерваторијата LISA (Laser Interferometer Space Antenna), специјално дизајнирана за детекција на гравитацијски бранови, изградена со колаборација помеѓу Европската агенција ESA и Американската агенција NASA. Откриениот бинарен состав е именуван j2322+0509, и претставува прв, досега откриен гравитацијски извор од таков вид. “Во универзумот, според теоријата, постојат многу такви бинарни состави, а оваа детекција претставува старт кон идните истражувања за детекција на таквите системи, со цел попрецизно да се детерминира нивната бројност”, истакнува Warren Brown, астрофизичар од групата CfA, и главен автор на информацијата, објавена на 3 април во научното списание Astrophysical Jurnal Letters и во серверот arXiv.org

Интересен е начинот на кој истражувачката група ја детерминирала периодата на орбитирање на овој состав, што претставува потврда дека се работи за џуџест бинарен состав. Имено, вообичаената т.н. фотометричката метода во случајов беше неприкладна поради релативно кусиот орбитален период на бинарот, само околу 1/3 (една третина) од периодите на секој од досега детектираните бинарни состави. Да објасниме, наведената метода базира врз следење на варјациите на износот на аголот под кој светлината од некој далечен извор паѓа на Земјата, а кој износ варира според периодата на светлинскиот извор. Меѓутоа, истражувачката група сепак најде решение на проблемот, имено таа примени поинаква, т.н. спектроскопска метода, која што се состои во следење на варијациите на степенот на интеракцијата помеѓу материјалните честички од составот во однос со електромагнетската радијација емитувана од истиот, па со оглед на тоа дека таа интеракција е слична со интеракцијата на светлината од нејзиниот видлив спектар, истражувачката група го детерминираше орбиталниот период на џуџињата во наведениот бинарен состав, и утврдила дека тој изнесува 1 201 s, односно 20 минути. Освен тоа, истражувачката група исто така утврди и дека орбитата на овој состав континуирано се стеснува, а со тоа џуџињата во него перманентно се приближуваат едно кон друго, па според истражувачите, по 6-7 милиони години, тие ќе се соединат во едно единствено многу масивно бело џуџе.

Клучни зборови:
Уметничка визија на џуџестиот бинарен состав j2322+0509

Уметничка визија на џуџестиот бинарен состав j2322+0509

Уметничка визија на џуџестиот бинарен состав j2322+0509

Уметничка визија на џуџестиот бинарен состав j2322+0509