Рубрика: Информатика
Доаѓа Messenger Rooms – конкуренција на Zoom
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 11.05.2020 - 12:45

Како што веќе е пишувано по медиумите, Facebook од почетокот на кризата со коронавирусот настојува да му конкурира на Zoom со своите услуги поврзани за видеоповици. Најнапред беше претставена основната верзија на апликацијата за Windows и macOS со бесплатни видеоконференциски повици, а сега одат и чекор понапред.

Претставена е апликацијата Messenger Rooms, која ќе овозможи организирање на видеоконференциски повици со 50 слушатели, а секој учесник не мора да се покани индивидуално, туку линкот кој е потребен за вклучување може да се испрати во група или News Feed.

 Тоа што е ново во однос на постоечкиот “чет“ на месинџер е дека за влез во собата за видеоповик во Messenger Rooms нема да биде потребна Messenger апликација, па дури ни стандардна пријава по пат на Facebook налог. Ќе биде доволно да се влезе во собата по пат на интернет-пребарувач, а непоканети гости можат да се одбијат преку опцијата заклучена соба.

Клучни зборови: