Rakuten Viber, една од водечките светски апликации за лесна и бесплатна комуникација, објави дека воведува нова опција “пораки што исчезнуваат“ за сите четови.
Откако претходно оваа опција беше овозможена само при “Тајните комуникации”, функцијата наскоро ќе стане дозтапна за сите корисници со едноставно поставување тајмер со кој текстуалните пораки, фотографии, видеосодржини или какви било други фајлови, ќе исчезнат по само неколку секунди, минути, саати или денови. Автоматското одбројување до бришење на содржината почнува од оној момент кога корисникот ќе ја прегледа пораката.
Пораките кои исчезнуваат во сите еден на еден четови на Viber ја зајакнува својата позиција на најбезбедна порака за размена на пораки на светот.
Како да направите пораката да исчезне?
За да ја нагодите пораката да исчезне, треба да ја притиснете иконата во облик на часовник на дното на четот и да го одберете временскиот период после кој пораката треба да биде избришана. Потоа сè што треба да сторите е да ја искуцате или да ја подготвите пораката, по што ќе ја проследите до примачот.