Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 23.4.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 23.04.2020 - 16:30

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.

 

23.4.1867 – Вилијам Линколн ја патентира машината Zoetrope, која прикажувала анимирани слики

Зоотроп (Zoetrope) е еден од уредите за анимација уште пред појавата на филмот, која прави илузија прикажувајќи низа цртежи или фотографии кои прикажуваат прогресивни фази на некое движење. Во основа, тоа била цилиндрична варијација на фенекистоскопот, предложена веднаш по промоцијата на стробоскопските дискови во 1833 година. Конечната верзија, со лесно заменливи ленти за слики е претставена како играчка во 1866 година и била многу успешна.

Етимологијата на зборот е следна: zoо во превод од грчки значи живот, а tropos од грчки значи дека се движи нештото. Овој израз го исковал иноваторот Вилијам Линколн.

Зоетропот (види на сликата) претставува еден цилиндар со вертикални правоаголни отвори по изводниците. На внатрешната страна на цилиндарот се наоѓа лента со низа од секвенционални слики. Додека цилиндарот се врти, гледачот гледа низ отворите кои не дозволуваат сликите да се замаглат (стробоскопски ефект), а заради брзиот и јасен след на сликите, добива илузија дека објектот се движи. Зоотропот работи на истиот принцип како и претходникот, фенекистоскопот, но е поелегантен и овозможува анимацијата да ја гледаат повеќе луѓе. Идејата и клучот на успехот е познатиот биолошки феномен на инертноста на окото на брзата промена на статичките слики (над 25 во секунда) со прогресивно претставено секвенцијално движење кое прави илузија на движење. (Т. С.)

 

23.4.2005 – Прво Youtube видео

Првото видео поставено на Youtube, “Јас во зоолошката градина“, беше објавено на 23 април 2005 година, во 20:27 часот, од соосновачот Џавед Карим. Сега видеото е дел од историјата, и всушност е прилично невкусно. Забелешка за идните претприемачи: она што го правите може да остане како траен запис кој ќе се користи во иднина. (И. З.)

 

Клучни зборови: