Рубрика: Информатика
Google Maps отсега ги прикажува рестораните со достава
Автор: Ива Манова
Објавено на 08.04.2020 - 13:15

Google лансираше нова надоградба на своите Android и iOS апликации за Мапи, која овозможува на неговите мапи да се истакнат рестораните кои нудат можност за достава на храна.

Новата функција засега е достапна само во Америка, Канада и Франција, но се очекува многу брзо да се прошири низ целиот свет. На овој начин на корисникот значајно ќе му се поедностави нарачувањето на готова храна од оние ресторани кои поради пандемијата се префрлиле на достава, односно коиш од локалните власти имаат дозвола за да работат на тој начин.

 

Клучни зборови: