Рубрика: Психологија
Говорот на омраза кон Кинезите се зголемил за 900%
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 02.04.2020 - 13:15

Организацијата L1ght, специјализирана за мерење “онлајн токсичност”, објави извештај во којшто предупредува на зголемениот говор на омраза насочен кон Кина и кинеските граѓани на Твитер.

Во нивниот извештај се зборува дека говорот на омраза кон Кина пораснал за дури 900%, а во текот на истражувањето откриле дека особено популарни биле хаштаговите како #Kungflu,  #chinesevirus и #communistvirus, кои корисниците ги користеле во нивните твитови за коронавирусот.

L1ght анализирал милиони веб-страници, социјални мрежи, тинејџерски преписки на форуми и гејминг страници за периодот од декември 2019 до денес, проучувајќи текстови, слики, видео- и аудиоснимки, за да го идентификува говорот на омраза, тормозење на интернет (cyberbullying) и, општо, онлајн токсичноста. Откриле дека до денес, количината на говор на омраза драстично пораснал откако Кина ги објави податоците за опасниот вирус којшто се појави во Вухан.

Освен објави за говор на омраза, на социјалните мрежи забележан е пораст на репортажите од одредени медиуми кои поттикнуваат омраза кон Азијатите, што го поткрепува примерот на Sky News Australia коишто својата репортажа за коронавирусот ја насловиле со “Кина свесно го донесе коронавирусот во светот“.

На целокупната хистерија масло долева и американскиот претседател Доналд Трамп, којшто честопати во своите изјави вирусот го нарекува “кинески вирус“. 

Клучни зборови: