Рубрика: Омнибус
Факултетот за ветеринарна медицина oд Скопје започна он-лајн настава
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 23.03.2020 - 15:00

По препораките на Министерство за образование и Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, професорите од факултетот подготвиja он-лајн предавања, а студентите со интерес ги следеле.

Денеска ги одржавме првите он-лајн предавања на студентите и со тоа успешно ја продолжуваме академската година и во време на пандемија”, изјави деканот проф. д-р Лазо Пендовски на Факултет за ветеринарна медицина во Скопје.

Мнозинството на студенти се вклучија во он-лајн предавањата за следење од дома кои беа за денешниот распоред и термините кои ги имаат професорите. Факултетот набави лиценци за користење на платформата zoom.us на кои професорите и студентите имаат свои акаунти, а задолжително е за сите. Очекуваме така да продолжи и во следниот период и ќе се трудиме да имаме успешна студентска година.“ истакна тој.
Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје е формиран во 1991 година и е полноправна членка на Европската асоцијација на ветеринарни факултети (EAEVE) со студиски план од 5.5 години, 11 семестри, каде наставниот процес се одвива според ЕКТС.
Сите предложени промени се одраз на следењето на актуелните состојби во ветеринарството во земјата и Европската унија, светската ветеринарна наука но и општествените состојби особено во областа на земјоделството и стопанството во целина.

Клучни зборови: