Компанијата Хуавеи во соработка со Универзитетот во Хуанзонг и компанијата Ланвон разви и тестира дијагностички систем за заболените од коронавирус. Карактеристика на овој систем е тоа што при отчитувањето на ЦТ снимката на белите дробови користи вештачка интелегенција.
Вештачката интелегенција од системот на Huawei ќе овозможи побрзо и прецизно да се отчита ЦТ снимката на белите дробови од пациентот и притоа, не само да одреди дали пациентот е заразен со коронавирус, туку и во која состојба се белите дробови. Вештачката интелегенција за отчитување на ЦТ снимката користи и компјутерски вид, а кога на тоа ќе се додадат и клиничките податоци, односно лабораториските резултати, лекарите ќе можат лесно да разликуваат напреден и тежок стадиум на Ковид-19 и точно да делуваат.
Наведениот начин на дијагностика е многу побрз од рачниот, а воедно се намалува и бројот на контакти во здравствениот систем, а со тоа се намалува можноста за зараза. Специјализираниот сервис за анализа на медицинските слики развиен и изработен на темел на платформата за анализа на слики Huawei Cloud EIHealth.
Од компанијата Хуавеи порачуваат дека како во иднина ќе продолжи надградбата на системот со помош на дијагноза, со тек на времето тој ќе биде во можност да ги дијагностицира сите видови болести на белите дробови, вклучувајќи и пневмонија, но и карцином на бели дробови.
Huawei Cloud соработува со различни индустрии на спроведени повеќе научно-истражувачки проекти темелени на вештачка интелегенција со цел намалување на заразата на коронавирусот.