Ажурирањето на софверот е добдедојдено, бидејќи вообичаено носи нови функции, подобрувања, и исправка на багови. Меѓутоа, се случува тоа ажурирање да предизвика многу повеќе проблеми од тие што се решени. А во тешки случаи може да се случи софтверот, па дури и уредот, воопшто да не работи по ажурирањето.
Поради тоа во Гугл решиле дека Google Chrome и Chrome OS некој период нема да добиваат нови ажурирања, со цел да се намали притисокот на програмерите, актуелниот софтвер да остане стабилен и да се спречат евентуалните проблеми.
Гугл објасни дека, поради тоа што многу од неговите вработени остануваат дома поради пандемијата со коронавирусот, со привремениот прекин на ажурирањето на веб-прелистувачите и оперативните системи, сака да избегне ситуација во којашто програмерите би биле присилени да работат на какви било промени во поглед на компатибилностите.
“Поради прилагодениот распоред на работата ќе ги паузираме престојните изданија на Chrome & Chrome оперативниот систем. Наша цел е да се осигураме тие да бидат стабилни, сигурни и точни за сите оние кои од нив зависат. Предност ќе дадеме на ажурирањата кои се однесуваат на безбедноста , а кои ќе биде вклучени во Chrome 80. Бидете во тек! “ – соопшти компанијата на својот Твитер-профил.
Од друга страна пак, продолжувањето на векот на Chrome 80 во овие тешки времиња за корисниците носи други проблеми, бидејќи ова издание е познато по неговите проблеми при видеоконференции. Имајќи предвид дека многу луѓе сега работат од дома со цел да се намали ризикот од инфекција од вирусот, ваков баг може лесно да создаде дополнителни проблеми за корисниците. Но, од Google велат дека веќе работат на решавање на тој проблем, така што мало ажурирање кое би ги решило пропустите во видеоконференцијата сепак би можело да се појави во наредните денови.