Апликацијата за следење на ширењето на коронавирусот под името CovidLock, која би требало да ви открие во кој дел од светот, држава или град, или кварт, постои најголема опасност да се заразите со коронавирус, односно кои подрачја се “сигурни“, всушност служат за зараза на паметните уреди на корисникот со ransomware.
По инсталацијата на ransomware, тој го заклучува уредот и појавува порака во која кажува дека за да го отклучите телефонот треба да платите 100 долари во противредност на биткоини, за тоа имате 48 часа, бидејќи потоа сите податоци ќе ви бидат избришани.
Тимот за компјутерска безбедност од компанијата DomainTools, која го открила овој малвер, кажува дека успеала да дојде до декрипциони клучеви за отклучување на уредите кои јавно ќе ги објави, па доколку и вие самите сте жртва на оваа измама, посетете ја нивната страница тука
Доколку не сте се заразиле со CovidLock или некоја друга слична апликација, немојте да преземате софтвер од кој било непознат извор како сомнителните веб-страници или линкови во електронските пошти кои делуваат многу веродостојно и се повикуваат на некој службен извор на легитимни здравствени организации.