Моментално Индија преставува втор по ред пазар за продажба на мобилни телефони на светот, веднаш по Кина. Токму од таа причина таа е истовремено интересна и привлечна за големите компании од финансиска страна.
Компанијата Apple, иако најбогат производител на мобилни телефони, досега немаше влезено на тој пазар. Сепак, Тим Кук, извршниот директор на Apple, на годишниот состанок на акционери на оваа компанија соопштил дека Apple решил да отвори продавници во Индија, а можеби и да воведе онлајн-продажба.
Планирано е првите продавници да бидат отворени во 2021 година, а онлајн-продавницата подоцна во текот на оваа година. За ова Apple морал да бара посебно одобрение од индиската влада, бидејќи сите продавници ќе бидат отворени без локален партнер. Тим Кук уште еднаш изразил загриженост дека корона вирусот може да остави негативни последици на нивното работење, а еден од начините да се ублажи падот на продажбата во Кина е директен влез на индискиот пазар.
Се работи за голем пазар којшто продолжува да расте, но повеќето луѓе во земјата не можат да си дозволат производи на Apple. Всушност, огромното мнозинство паметни телефони наменети за пазарот во Индија имаат цена од најмногу 150 долари, велат истражувањата на фирмата Counterpoint. За Apple, друг предизвик би бил тешката увозна давачка што градот Њу Делхи ја наплатува на електронските артикли. Данокот го направи iPhone уште поскап за луѓето во Индија, бидејќи компанијата им ги префрла дополнителните трошоци на клиентите.
Индија минатата година ја олесни регулативата за изворните малопродавачи на еден бренд, што им отвори пат на компаниите како Apple да отворат најнапред онлајн-продавници пред да воспостават постојано присуство на пазарот.